Дневен хороскоп: Стрелецот фокусиран на финансиите, љубовна kpиза за водолиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Ако сте на висока функција, под целосен стрес сте, поради неможност на вработените да обезбедите плата. Љубов: Брачниот однос е стабилен, иако вие сте повеќе фокусирани на решавање на проблемите на работа, а не на бракот. Здравје: Чувствителни бубрези.

БИК

Работа: Работната ситуација е под контрола. Се се одвива на задоволувачки начин. Одличен ден за излегување во медиумите. Љубов: Задоволни сте од брачниот партнер. Односот е цврст, стабилен и од интерес на двајцата. Здравје: Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Работата е стабилна, и се одвива без тешкотии. Размислувате за излегување на странски пазар. Љубов: Брачниот партнер минува низ кризен период, а вие сте незаинтересирани за неговите проблеми. Здравје: Солидно здравје.

РАК

Работа: Одличен ден за добивање на нови понуди. Проблем е што тие не ви одговараат. Љубов: Имате симпатија но и натаму не и давате отворено до знаење дека ве интересира врска. Другата страна трпеливо чека ваша иницијатива.
Здравје: Чувајте се од ладно.

ЛАВ

Работа: Работата стагнира. Не сте во прилика да направите било што за тоа да се промени. Ве погодува ситуацијата на работа. Љубов: Односот со брачниот партнер е во криза. Ниту еден од двајцата не сака да направи отстапка. Здравје: Коските се чувствителни.

ДЕВИЦА

Работа: Потрагата за нова работа не напредува. Слаби се шансите и во следниот период да добиете понуда. Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен. Другата страна ве разбира низ што минувате и во целост ве поддржува.
Здравје: Нервите се чувствителни.

ВАГА

Работа: Работата се одвива без потешкотии и пречки. Со колегите имате одлична соработка и смислувате нови работни идеи. Љубов: Брачниот партнер е напнат. Фамилијата многу му значи и особено вашата љубов, поддршка и стабилност. Се потпира на вас. Здравје: Стабилно.

ШКОРПИЈА

Работа: Ако барате нова работа, фрустрирани сте затоа што никој не ве бара ниту ви нуди работа. Љубов: Единствена светла точка во вашиот живот е брачниот партнер. Тој ви дава неопходно чувство на стабилност и сигурност. Здравје: Главата е чувствителна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Одлично се развива работата. Фокусирани сте на финансиите. Размислувате за почнување на приватен бизнис.
Љубов: Задоволен сте од односот со емотивниот партнер. Свесни сте дека е трпелив со вас. Здравје: Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Пробувате да најдете дополнителна работа поради подобрување на финансиите. Добивате ветување, но не сте сигурни дали другата страна е сериозна. Љубов: Имате симпатија на која и приоѓате на бавен начин. Другата страна делува ладно, но е силно заинтересирана за врска. Здравје: Лош имунитет.

ВОДОЛИЈА

Работа: Одличен ден за комуникација. Доколку ве интересира земање на креди, вистински ден за барање на истиот. Љубов: Бракот е во криза. Не ви паѓа на памет да се ангажирате за подобрување на односот. Здравје: Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа: Работата е во целосна блокада. Ниту имате што да работите, ниту може да најдете друга работа. Љубов: Пред вас е интересно познанство. Комуникацијата е одлична и одлучувате да го продолжите дружењето и гледате до каде ќе ве донесе. Здравје: Проблеми со притисокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This