April 19, 2024, 11:50 pm

Дневен Хороскоп 05.05 Недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Имате впечаток дека постои некоја виша сила која не ви дозволува да напредувате на начинот на кој посакувате. Ве очекува интересна комуникација со личност која сте ја запознале преку пријатели. Можни се проблеми со циркулација.

БИК

Може да очекувате во текот на викендот успех во решавањето на некои важни проблеми на работно поле. Прилично сте задоволни со околностите во кои се наоѓате со саканата личност. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува нова можност за работа која би можела да ви донесе поголема заработка од моменталната работа. Отворено ќе покажете интерес кон личноста која ви се допаѓа, а таа одлично ќе го прифати вашиот однос. Добро би ви дошла масажа.

РАК

Може да очекувате опуштена атмосфера на работа, сѐ ќе се одвива во позитивен правец. Уживате во несериозен флерт со личноста која ве привлекува. Избегнувајте масна храна овој викенд.

ЛАВ

Препорака е да не брзате кога станува збор за нови работни одлуки и денес да не вложувате во нови бизниси. Размислувате за раскинување на врската со партнерот бидејќи тој покажува многу особини кои не ви се допаѓаат. Болки во нозете.

ДЕВИЦА

Пред вас е нов предизвик кој како и секогаш до сега ќе успеете да го надминете. Многу сте итри и снаодливи. Некоја личност од минатото би можела да се обиде да ја обнови комуникацијата со вас овој викенд. Проблеми со настинка.

ВАГА

Можно е да имате многу проблеми на деловно поле и да не ви биде лесно да излезете сами на крај со сѐ она што ве оптеретува. Може да очекувате еден многу поволен период на љубовно поле. Зголемете го внесувањето на магнезиум.

ШКОРПИЈА

Доаѓа време за промени. Нема уште долго да останете на истото работно место иако не очекувате промена. Ова не е премногу поволен викенд на љубовно поле за вас, ве очекува разочарување. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Не очекувајте премногу од овој викенд. Атмосферата во работното опкружување е монотона. Сакате да се смирите со личноста која ви се допаѓа, но таа ве одбива. Можни се проблеми со видот.

ЈАРЕЦ

Максимално сте посветени на работата и важно ви е да ги остварите целите кои сте ги зацртале во дадениот рок. Лесно се впуштате во нова врска и среќни сте дека се случуваат промени. Бевте долго сами и тоа не ви одговараше. Несоница.

ВОДОЛИЈА

Потребно е да покажете иницијатива за деловни промени за да можете навистина да реализирате нешто од тоа што сакате. Личноста која ви се допаѓа покажува дека и значите. Водете сметка за крвниот притисок.

РИБИ

Доколку побарате помош од вистинската личност може да очекувате дека ќе ги решите дилемите кои ги имате на работно поле. Важно е со саканата личност искрено да разговарате за сѐ. Ве мачат проблеми со кичмата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This