ДНЕВЕН ХОРОСКОП: 13.12.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен

Овој ден ќе бидете сконцентрирани за вашата финансиска состојба, затоа што во последно време некако не ви оди од рaкa штедењето. Меѓутоа веќе и на љубовен план нема да сакате да ги распродавате вашите емоции, па на партнерот ќе му дадете до знаење дека треба да си ги заслужи она што го бара од вас.

Бик

Работата денес ќе ви тргне како што треба, само ако на соработниците им дадете до знаење дека сите треба да си ја гледаат сопствената работа. На љубовен план, не заборавајте на старото правило дека љубовта кај мажот најчесто доаѓа и преку cтoмaкoт.

Близнаци

Денес ќе бидете конфузни во разговорите коишто ќе ги водите со вашите соработници, па никому нема да му е јасно што сакате да кажете. На љубовен план, слободните припадници ќе бидат среќни што се сами кога ќе погледнат во какви компликации се оние кои се во врска.

Paк

Доколку денес почувствувате дека атмосферата на работата е ладна и неподнослива, тогаш тргнете се настрана од таквите луѓе. На љубовен план, чувствувате огромна потреба за промена затоа што имате чувство дека со партнерот како да сте заедно 100 години.

Лав

Денес вашиот интерес ќе биде насочен кон финансиите, затоа што во последно време целосно сте насочени кон штедењето. На љубовен план, ѕвездите ќе ви бидат наклонети, па поминете го денот со личноста која ви значи, за љубовта не се потребни пари.

Девица

На работата нема да бидете сконцентирани на обврските, односно проблемите надвор од работното место ќе ви прават компликации за завршување на обврските. На љубовен план, немојте се’ да оставате само на приказна, обидете се да го исполните она што го ветувате, никој не сака празни ветувања.

Вага

Денес ќе размислувате како ви било на претходното работно место, па дури и ќе бидете насочени кон тоа да најдете контакт од некои стари колеги за да размените мислење. На љубовен план, обидете се да бидете помалку агресивни, затоа што вашата негативна и нaпaднa енергија ја плаши вашата сакана личност.

Шкорпија

Денес ќе сакате да ја реализирате работата која цела недела ја мислите, па затоа не отстапувајте од неа и не оставајте ја на страна. На љубовен план, денес ве очекува убав ден во кој нема да бидете напнати и нема постојано да му “видите” на главата на партнерот.

Cтpeлeц

Внимавајте на советите кои денес ќе ги делите, затоа што некои луѓе истите можат да ги злоупотребат и да ве обвинат вас. На љубовен план, денес ќе имате потреба од убави зборови и прегратки. Вашата психичка состојба ќе биде значително лабилна.

Јарец

Првиот дел од денот ќе ви биде понапорен, па ќе се сконцентирате да ги извршите обврските кои ви се зададени додека во вториот дел од денот ситуацијата целосно ќе се смени и ќе се насочите кон подобрување на односите со вашиот партнер. Понекогаш најдобар начин за да се подобрат односите е да се остават работите да течат по слободен тек.

Водолија

Денес ќе се обидете да го најдете најбeзбeднoтo ќоше на работата и ќе гледате никој да не ве вознемирува, затоа што се чувствувате премногу изморени. На љубовен план, вашата сакана личност ви пpeдизвикyвa насмевка на лицето, затоа чувајте си ја покрај себе. Во денешно време хуморот е лек за се’.

Риби

Денес вашите погледи ќе бидат свртени кон иднината, па на работата ќе сакате да се истакнете за да го добиете она што навистина го заслужувате. Имате чувство дека постојано се наоѓате во места на кои не напредувате. На љубовен план, мечтаете за љубов која нема да ви донесува само негативни последици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This