April 26, 2024, 10:12 pm

Дневен хороскоп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Добивате можност да ја покажете својата подготвеност. На работата сте максимално посветени и тоа ќе ви се исплати. Може да дојдете до интересно познанство со личност која ќе ви покаже многу љубов. Имате вишок енергија.

БИК

Финансиите на некој начин ви се променливи и се оди по нестабилен тек. Не сте задоволни. Ако не му ги покажете на партнерот своите искрени чувства, нема да може да ве разбере. Избегнувајте цигари.

БЛИЗНАЦИ

Ви се одложуваат некои планови и не сте претерано среќни поради тоа. Очекувајте стагнација на работа. Ако сте слободни, денешниот ден е поволен за ново познанство и флерт. Внимавајте ако сте наклонети кон алергии.

РАК

Може да очекувате ден во кој ќе имате многу работа, обврски и густ распоред пред себе. Сигурни сте во своите чувства и не ви е проблем на партнерот отворено да му покажете што сакате во односот со него. Внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ

Неопходно е повеќе да се посветите на работата ако сакате да ги остварите зацртаните цели. Во спротивно ќе бидете незадоволни. Размислете малку околу околностите кои не ви се наклонети. Несоница ве мачи.

ДЕВИЦА

Пред вас е ден кој носи некои мали компликации на вашето работно поле. Можни се разни проблеми. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате многу додворувачи. Внесувајте повеќе витамини.

ВАГА

Не ви е претерано поволна ситуацијата на работа, чувствувате дека некои работи се ризични и дека „ви бега“ тлото под нозете. Потребна ви е пауза во емотивната врска, затоа што односот со партнерот почна да ве оптоварува. Чувствителна кичма.

ШКОРПИЈА

Патување во странство би можело да ви донесе важни промени. Ве очекува генерално поволен период. Може да очекувате дека ќе успеете да остварите добри промени во љубовта. Избегнувајте алкохол и пороци.

СТРЕЛЕЦ

Доколку очекувате било каков прилив на пари, денешниот ден ви е поволен. Ви доаѓа подобрување на финансиите. Можно е да ви се укаже шанса да ги покажете искрените чувства кон симпатијата. Полни сте со сила.

ЈАРЕЦ

Ќе успеете да решите некоја дилема и да донесете одлука. Ве очекуваат важни работни пресврти. Можно е да ви се ближи битна одлука по прашање на бракот и заедница со саканата личност. Нискиот притисок ви прави мали проблеми.

ВОДОЛИЈА

Имате многу работа и не ви е лесно сите обврски сами да ги завршите. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој може да дојдете до разочарување на полето емоции. Добро се чувствувате.

РИБИ

Може да очекувате фаза во која за вас ќе биде многу поволна. Ќе успеете да остварите стабилизација. Ве очекува ново познанство кое може да биде значајно за вашата иднина. Ќе ви годи прошетка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This