Дневен хороскоп (22.01.2019)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Прашањата на срцето ќе ви станат јасни. Знаете што треба да превземете за да расчистите некоја ситуација или нешто да заборавите. Пријателството и љубовта ви се испреплетени, на некој му значите многу повеќе отколку што сакате да си признаете. Заработката ви се подобрува. Ќе бидете послини од порано, а многу луѓе ќе ги препознаат вашите врдности и ќе ги наградат.

БИК

Наклонетоста на вашите шефови кон вашите колеги ќе ве вознемирува повеќе отколку што е потребно. Чувството на загрозеност и страв на работната позиција можно е да ја блокираат вашата способност за прилагодување и со тоа ќе си го спречите напредокот. Опуштете се , нема потреба од страв и загриженост. Можно е унапредување, но вашата загриженост не ви дозволува да се истакнете.

БЛИЗНАЦИ

Знаете да се наметнете, а луѓето ќе ви поставуваат најразлични прашања. Некои од вас ќе се најдат во комуникација со лица од спротивниот пол кои што ќе ве чувствуваат за многу занимлив тип т.е интересен соговорник. Не е исклучено и некој од соговорниците да ви предложи романтична вечера. Доколку патувате немојте брзо да возите.

РАК

Со вашите постапки ќе владее вашата интуиција која што многу добро ќе ве служи. Се наоѓате пред раскрсница и потребно е наоѓање на правиот пат за да успеете во вашите цели. Среќа ќе ги прати оние кои што работат со недвижнини или пак моментално купуваат недвижнини. Можно е конечно да ги вратите долговите.

ЛАВ

Ситуацијата не е најповолна за да започнете нешто ново. Обврските ќе ги обавувате со дупло помалку концентрација. Односите со вашите претпоставени ќе ви бидат лоши. Можно е да имате љубовен напредок, но се зависи од тоа како ќе се сносите со проблемите.

ДЕВИЦА

Нема да имате одмор, па ќе морате да продолжите понатака со полна пареа. Работа ќе имате преку глава. Ќе биде тешко да се прилагоди на други ставови и потреби, но тоа ќе биде клучот за вашиот успех. Не е исклучено дека вашата компанија го менува сопственикот или одделот добива нов менаџер. Некои може ке добијат асистент, односно личност која која ќе мора да ја обучуваат.

ВАГА

Планетарната поддршка ќе ги поддржува уметничките и сличните занимања, а вашата имагинација ќе се фокусира и на љубовна врска. Подготвени сте за нови почеток па храбро ќе пристапите кон симпатијата и на односот ќе му дадете повеќе можности за развој. Родителите поинтензивно ќе се занимаваат со децата и ќе поминуваат поголем дел од денот во игра со нивните деца.

СКОРПИЈА

Договорите и плановите може да се реализираат. Настаните ќе бидат подлежни на доцнење, а за тешкотиите ќе ви биде потребна дополнителна енергија. Ќе ги браните своите верувања и ќе одите по свое, свесни дека на својата врска и нанесувате штета. Партнерот ќе ви посочи дека сте посветени само на своите лични цели и вредноста на семејството. Размислите за неговите зборови.

СТРЕЛЕЦ

Ќе почуствувате потреба да ја изнесете љутината на виделина. Љубовниот однос повторно ќе ви стане свеж и исчистен од недоразбирања. Одлично ќе се снајдете во писмена и усна комуникација. Ви се отвораат патиштата кон странство за усовршување на своето знаење.

ЈАРЕЦ

Успешно ќе ги прикривате своите слабости или незнаење. Пред другите итро ќе се претстваувате во многу подобро светло, но не се чувствувате така. Нови љубовни почетоци ветуваат интересен и динамичен однос, иако не и трајност. Младите ќе ги потрошат парите на облека која е во тренд или со пријателите планираат некое вечерно излегување

ВОДОЛИЈА

Пред вас се одлични можности, но настојувате да достигнете едан цел и не гледате на страна. Ќе уживате во поддршката која ја добивате од јавноста и ќе имате нови познанства кои во иднина добро ќе ви се најдат. Инаетот ќе ве тера напред особено во ситуациите кои излегуваат од ваша контрола, односот со шефот, родителите или се посилната конкуренција.

РИБИ

Мирно ги прифаќате неочекуваните ситуации кои нема да бидат конечни, иако така ви изгледаат. Ќе бидете повлечени, а односите ќе ги засновате на длабоко интуитивно размислување. Вашето мрзливо однесување ќе влијае на однесувањето на партнерот. Ќе ја запоставите љубовта и ќе дозволите негативните чувства да преовладуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This