ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Поврзано

- Advertisement -

Horoscope circle

- Advertisement -

ОВЕН
Денес ќе се појави проблем кој ќе можете да го решите само со нечија помош. Не дозволувајте да ве обземе страв и да се повлечете. Ако сте невработени, денес е можно да добиете ветување за работа. Вознемирени сте и не можете да ја согледате вистинската слика. Сега не е време за донесување на конкретни одлуки, и затоа обидете се да се совладате. Партнерските односи ви се тешки и денес може да се случи да донесете сериозна одлука за иднината на врската.

БИК
Полека почнувате да остварувате еден сон кој одамна го сонувате. Не дозволувајте никој да ви ја сруши магијата. Сè она што сте го замислиле, ќе можете да го остварите за неколку недели. Односите со еден помлад член од семејството се заладуваат и вие не знаете како да го решите тоа. Обидете се да останете смирени и да не ја влошувате ситуацијата. Сè уште размислувате за една личност од минатото. Денес е можно да донесете важна одлука во врска со таа личност.

БЛИЗНАЦИ
Поради различни интереси на соработниците, морате да го смените планот и да направите компромис. Денес ќе се обидете да поправите туѓи грешки, но тоа ќе ве нервира и ќе се однесувате како да е крај на светот. Доколку имате партнерски бизнис, денес бидете претпазливи. Можно е да дојде до недоразбирање со партнерот, дури и до прекин на односите. Ова не може да се случи преку ноќ и, веројатно, веќе подолго време имате тешкотии, но сепак, не избрзувајте.

РАК
Некои прашања кои постојано ги поставувате, остануваат без одговор. Поради тоа се чувствувате несигурно и постојано ги менувате плановите. Денес е можно да дојдете во конфликт со еден соработник кој има чудни идеи. Обидете се да ги намалите трошоците и во следниот период не правете големи планови за вложување во недвижнини. Внимавајте и на однесувањето во јавност. Може да направите нешто што нема да им се допадне на оние од другата страна. Ако сте слободни, можна е средба со некој што полека ќе ви се вовлече во мислите.

ЛАВ
Доколку во претходниот период имавте планови кои сè уште не се реализирани, време е да започнете да ги спроведувате. Бидете внимателни и чувајте се од озборувања. Особено е активна една жена со која соработувате секојдневно. Платете ги долговите и не чекајте да ви се натрупаат. Имате потреба за емотивно зближување, но засега сето тоа е само сон. Партнерските односи ви се нестабилни и постојано сте под стрес.

ДЕВИЦА
Се обидувате да останете ладни и да не одговорите на некои конкретни ситуации. Некој од колегите постојано се обидува да ви се наметне и на тој начин да дојде до корист. Сметате дека треба да направите нешто конкретно, но сè уште не сте сигурни што е тоа. Се чувствувате емотивно нестабилни. Понекогаш сакате да бидете во близина на една личност што ви се допаѓа, но брзо се повлекувате и се затворате во себе. Избегнувајте ја тешката работа и чувајте го здравјето.

ВАГА
Сакате да дојде до промени и вложувате труд тоа да се случи што е можно побрзо. Но работите не одат така како што сте замислиле. Некои работи ќе мораат да се вратат на почеток, и повторно да се преработат. Ова ви е лекција да не брзате и да не очекувате нешто што е невозможно. Ако сте во брак, денес ќе слушнете нешто што нема да ви се допадне. Бидете претпазливи и не реагирајте пред да ги проверите околностите и фактите.

СКОРПИЈА
Постојат работи кои ги правите во тајност и на тој начин ги комплицирате. Соработниците се сомневаат, но не можат да докажат дека е тоа така. Денес е можен разговор со претпоставениот и договор за некоја идна работа. Бидете претпазливи со трошоците. Некој член од семејството постојано ви поставува некои барања. Партнерските односи денес ќе бидат особено напнати и веќе не знаете што повеќе да кажете за да се одбраните. Можеби е најдобро да молчите.

СТРЕЛЕЦ
Време е за преиспитување. Исфрлете го сето она што ви правеше пречки и почнете да дејствувате од почеток. Денес е вистински ден да започнете нешто ново и да заборавите на старото. Ако сте невработени, можно е да добиете информација која ќе ви помогне да го решите тој проблем. Партнерските односи ви се без некои поголеми турбуленции. Но бидете претпазливи и не опуштајте се. Партнерот може одеднаш да избувне и да ви направи скандал.

ЈАРЕЦ
Се чувствувате добро и задоволни сте од моменталната ситуација. Работите полека почнуваат да се подобруваат. и тоа ве усреќува. Денес е можен добар глас во врска со некоја работа која одамна сте ја започнале. Бидете претпазливи и не брзајте кога треба да направите избор. Добро размислете пред да донесете одлука. Јарците што се во брак, веќе подолго време имаат несогласувања со партнерот. Наместо да разговарате, вие го игнорирате, и така создавате уште поголема дистанца помеѓу вас.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе добиете информација која нема да ви се допадне. Ќе дознаете дека конкуренцијата се обидела да преземе дел од вашата работа, и тоа ќе ве вознемири. Можно е некој да ви работи зад грб и да ги стопира вашите акции. Преземете нешто додека не биде доцна. Партнерот се обидува да ви привлече внимание, но вие моментално сте обземени со работата и не забележувате ништо околу вас. Ако сте сами, време е да престанете со авантури и да обрнете внимание на една личност со која соработувате.

РИБИ
Ако работите со странство и со странци, денес е можно да донесете одлука да отидете на пат. Имате потреба да решите некои дилеми, и тоа не преку телефон туку на самото место. Бидете претпазливи, затоа што вашата наивност е препознатлива и лесно може да бидете изманипулирани. Денес е можно да добиете пари кои доцнат неколку дена. Партнерските односи ви се конфузни. Не знаете што сакате и какви чекори треба да преземете за да се чувствувате подобро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This