Дневен хopocкoп зa чeтвpтoк (13. мај 2021)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Можно е некое време да сте го препуштиле главниот збор на другите, но сте подготвени сега да се вратите на голема врата.

Љубов: Потребно е на саканата личност да и покажете дека ви значи и дека имате сериозни намери.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

БИК

Работа: Не очекувајте премногу случувања во текот на денешниот ден. Доста работи би можеле да ве разочараат.

Љубов: Време е со саканата личност искрено да поразговарате околу своите очекувања во иднина.

Здравје: Уморни сте.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Поволен ден за промени на полето работа, ако сте планирале да одите на друго работно место, ќе имате шанси за тоа.

Љубов: Можете лесно да одите од врска во врска и да менувате партнери.

Здравје: Водете сметка за своите колена.

РАК

Работа: Финансиите не ви се силна страна во моментов. Доста работи ве отповаруваат и загрижени сте.

Љубов: Тешко ги покажувате своите чувства затоа што стравувате дека ќе бидете многу повредени.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ

Работа: Не ви е поволен ден за одлуки на полето работа. Можно е доста работи да бидат како досега.

Љубов: Партнерот ќе покаже дека е подготвен да прави сериозни планови за заедничка иднина со вас.

Здравје: Чувајте се од алергии.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате понуда за промена на работното место. Пред вас е поволен ден.

Љубов: Дошло време да бидете отворени кон саканата личност кога се во прашање вашите чувства.

Здравје: Пад на имунитетот е нагласен.

ВАГА

Работа: Ако бидете брзи, може многу лесно да направите некоја грешка.

Љубов: Имате големи шанси за ново познанство денеска. Подгтовени сте за почеток на нова врска.

Здравје: Срцеви пречки.

ШКОРПИЈА

Работа: Не сте сега подготвени за промени кога е во прашање работата и работите она што можете за да ја одржите моменталната ситуација.

Љубов: Неповолен ден за познанства, на полето љубов сега некако се повлекувате во себе.

Здравје: Избегнувајте тешка храна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку сте планирале да се посветите на обврските сега е добар период така да направите.

Љубов: Можно е да морате малку повеќе да се посветите на саканата личност која чека на вашето внимание.

Здравје: Избегнувајте цигари.

ЈАРЕЦ

Работа: Може да се надевета на почеток на соработка со личност која ќе ви отвори врати кон некои нови можности.

Љубов: Поволен ден за средба со саканата личност, особено ако сте во врска на далечина.

Здравје: Размислувате за диета.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не сте задоволни од ситуацијата на работното поле и работите се што можете за да остварите промена.

Љубов: Ги преиспитувате своите чувства и доаѓате до заклучок дека партнерот повеќе не го гледате со исти очи.

Здравје: Проблеми со синусите.

РИБИ

Работа: Подготвени сте за нови одлуки на полето работа. Ќе дадете свој максимум за да остварите што подобра ситуација на ова поле.

Љубов: Можно е да сте подготвени да направите прв чекор за да ја освоите симпатијата.

Здравје: Проблеми со нервоза и несоница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This