Дневен xopockoп за сабота (3. април 2021)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Добро проверете ги сите информации кои соработниците ви ги сервираат, затоа што постои можност да не се точни.

Љубов: Односот со брачниот партнер е задоволувачки. Сака да ви погодува и да ве усреќи.

Здравје: Наклонетост кон прејадување.

БИК

Работа: Во целост се фокусирани на работните обврски и успешно ги совладувате.

Љубов: Бракот го сметате за стабилен. Саканата личност не ви говори дека е загрижена поради детето, затоа што не сака да ве вознемири.

Здравје: Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Во случај да сте приватник, започнувате нова соработка. Имате впечаток дека одлично се сложувате со другата страна и имате големи очекувања.

Љубов: Пред вас е ново познанство кое може да се претвори во нешто повеќе.

Здравје: Избегнувајте цигари, алкохол…

РАК

Работа: На работа се се одвива по вообичаен начин. Нема некакви значајни случувања.

Љубов: Задоволни сте од врската. Имате впечаток дека таа лесно и спонтано може да прерасне во брачна врска.

Здравје: Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа: Презадоволни сте од соработката со колегите. Ги почитувате меѓусебните идеји и ги прифаќате.

Љубов: Пред вас е ново познанство со личност со која може да остварите врска на далечина. Тоа не ви претставува проблем.

Здравје: Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Во случај да сте приватник, презадоволни сте од ситуацијата. Имате многу обврски, но резултатите се одлични.

Љубов: Емотивниот партнер размислува за брак, но не ви го споменува.

Здравје: Посетете стоматолог.

ВАГА

Работа: Концентрацијата не ви е силна страна, така што правите планови кои не можат да се остварат.

Љубов: Ве очекува ново познанство и другата страна свесно ве шармира иако е зафатена.

Здравје: Можни се инфекции на дишните органи.

ШКОРПИЈА

Работа: Задоволни сте како работата се одвива. И покрај тоа наклонети сте кон некои илегални работи со цел да ги подобрите финансиите.

Љубов: Емотивниот однос не се развива најдобро. Не сте сигурни дали другата личност е вистинската за вас.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уживате на работа, имате многу обврски и ви се допаѓа чувството дека можете се да постигнете и дека сте подобри од другите.

Љубов: Брачниот однос е на тенок мраз поради присуство на тајни.

Здравје: Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Работа: Во случај на судења или судски процеси, не се одвиваат работите во ваша корист поради тоа сте загрижени.

Љубов: Задоволни сте како врската се развива. Вашите емоции се постојани и се гледате во иднина со истиот партнер.

Здравје: Внимавајте на храната.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекуваат проблеми во текот на состаноците. Може да се случи да не се разбирате најдобро, па дури и другата страна да не е целосно искрена.

Љубов: Со партнерот ве очекуваат проблеми во комуникацијата.

Здравје: Наклонетост кон инфекции.

РИБИ

Работа: Одлично се чувствувате на работа. Ситуацијата ја држите цврсто под контрола и точно знаете кои обврски во која фаза се во реализација.

Љубов: Не сте сигурни дека моменталната врска ви одговара, но на партнерот не му зборувате за сомнежите.

Здравје: Одлично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This