Дневен xopockoп 29.10.2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен (21.03 – 20.04)

Се обидувате да ги постигнете обврските на сите страни и храбро донесувате одлуки без голема сентименталност дури ни кон самите себе. Ако се занимавате со работа во која имате голема конкуренција, веројатно сте подготвени напорно да работите за да ги постигнете целите. Многумина ве поддржуваат во постапките, продолжете така.

Бик (21.04 – 21.05)

Не се нервирајте премногу ако не ви се јави некој Рак или Овен. Имате добри шанси да ја продолжите соработката со влијателните лица во околината. Ќе ви биде потребна поддршка од лице кое има повеќе искуство во работата со странци од вас.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На некој многу му значи да ве предомисли во нешто што вие самите сте го смислиле. Ќе бидете подготвени да се слушнете со лицето со кое често разговарате за важните прашања. Мора да најдете начин како да го средите прашањето за својот статус и своите финансии, особено ако имате планови да отпатувате во странство.

Рак (22.06 – 22.07)

Сакате да ја продолжите соработката со некоја Девица, Риба или Јарец. Потребни ви се подобри услови за работа и нов договор околу финансиските средства. Сакате да бидете сигурни и стабилни и во иднина, па затоа работите и нештата ги планирате уште од сега.

Лав (23.07 – 22.08)

Ако не сакате да се впуштите во некоја работа со Бикот мора да тактизирате за да се извлечете од таа ситуација. Сепак, доколку сакате тоа јасно и гласно да го кажете ќе мора да имате добри причини, инаку ќе бидете осудени. Вечерните часови искористете ги за релаксација и одмор.

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да се договорите со еден Рак за нешто што на вас ви е повеќе од важно, а ви се чини дека е невозможно. Верувате дека е можно да го средите односот со некои Риби или Шкорпија. Не им обрнувајте внимание на лошите лица кои пласираат неточни муабети за вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Верувате дека ќе успеете да убедите некое блиско лице во планот и намерите кои ви се многу важни. Некој ќе ве осуди поради вашиот потег, бидејќи ќе го сфати како себичен. Можеби треба да ги преиспитате постапките. Некој Овен или Јарец ќе се појават како посредници во вашите планови за кариерата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Многу сте рационални кога станува збор за ракувањето со пари. Се обидете да направите договор со Водолија бидејќи ви е потребна нејзината поддршка. На некој му е важно повторно да комуницира со вас. Не се лутете, преминете преку проблемите и задржете ја добрата репутација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој планира да ве повика на важен состанок. Но, вие денес нема да можете да и се посветите на работа, поради проблемите кои ќе се појават во љубовта. За пријателите и соработниците ќе бидете одлично друштво. Не ги нагласувајте дополнително грешките на партнерот, можен е прекин на врската.

Јарец (22.12 – 20.01)

Транзитот на Месечината и Марс делуваат поттикнувачки на креативните типови од вашиот знак. Оние кои ќе се вклучат во новите проекти ќе пронајдат одличен начин за изработка, кој ќе биде пофален од лицата на високите позиции. Имате одлични соработници, искористете ја и нивната моќ за деловно да блеснете.

Водолија (21.01 – 19.02)

Би требало да имате доверба во лицето кое ве повикува на заедничка соработка. Имате неколку резервни планови во врска со таа соработка, но најмногу е потребно да не планирате туку да оставите работите да се реализираат една по друга. Некоја блиска личност ќе ве изненади со однесувањето.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате јасно разработен план како да го убедите Јарецот да ви овозможи шанса во врска со новиот проект. Ако се обидувате да продолжите да соработувате со некоја Вага ќе ви биде потребно трпение, особено ако се работи за некоја блиска личност. Најдете нешто во кое ќе ја вложите вашата енергија и ќе се ослободите од нервозите

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This