Дневен xopockoп 31.08.2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска ќе бидете подготвени за тимска работа и едноставно се ќе ви оди од рака. Потрудете се да бидете повеќе отворени со вашиот партнер и да разговарате за вашите проблеми. Шетајте и забавувајте се повеќе.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни цел ден, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Денес е ден за забава, заборавете на се друго.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Нервозата моментално е нагласена. Причина за напнатост и имате и немате. Долго време прикривавте нешто од блиските и соработниците, па сега сакате да ја исправите грешката. Мора да бидете трпеливи и чекор по чекор да ги решавате проблемите. Почнете да водите здрав начин на живеење.

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите. Сентименталните односи ви се доста напнати, а вие ќе се чуствувате осамено.

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува околу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе.

Девица (23.08 – 22.09)

Успехот на работа би можел да ве натера да заборавите на некои планови, идеали и соништа. Сепак, за некои работи вреди да се борите, затоа одберете го она што нема да можете да го одложите и одржете го зборот. Останете доследни.

Вага (23.09 – 22.10)

Ставете го акцентот на семејството, љубовта и на сето она што ви причинува задоволство. Свесни сте за сопствените способности и се однесувате како ништо да не може да ве изненади. Можеби инаетот е причина за несогласување со луѓето.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации, не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво, прекрасно ќе се чувствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат некое усовршување. Моменатално сте многу превртливи и често се менувате. Обидете се да ја воочите оваа слабост, а потоа и контролирајте ја.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа и добрата организација на работните задачи. Личностите кои ве опкружуваат имаат сопствени интереси и не ви се наклонети. Љубовниот живот ви е стабилен и хармоничен. Разговарајте со партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочните планови не размислувајте подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро. Сентименталните односи ви се подобруваат.

Риби (20.02 – 20.03)

Денот може да биле полн со непредвидливи случувања и среќавања. Немојте да бидете преосетливи и не се нервирајте за некои неважни прашања. Многумина ви завидуваат на успехот, а никој не знае колкава е цената што ја плаќате за тоа. Потребно е ситуацијата во која се наоѓате да ја согледувате од поведар агол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This