ДНЕВНИЦА ОД 150 ЕВРА: Германците бараат работници за оваа работа, можат да конкурираат и македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На сезонските работници кои имаат намера да заработат „брзи пари“ со заминување во странство, сега имаат идеална прилика.

Во Германија сега е актуелно берењето аспарагус, работа која може да ви донесе и до 150 евра дневно. За работата можат да конкурираат сите заинтересирани од Македонија.

Како што пренесува хрватскиот „Пословни дневник“ германските работодавци од оваа година даваат минимум 8.60 евра бруто за еден час, што е нешто повеќе од минатата година. Сепак тие што се запознаени со тамошните услови велат дека таа бројка е пренадувана.

Берењето аспарагус за германските работници е слабо платена работа, бидејќи на работникот му се одбиваат пари од платата за храна и смештај.

Треба да се знае дека за време на слободните часови работникот треба да работи, живее, и да спие во заеднички простории со другите вработени. Тука спаѓа и делењето на тоалетите и тушевите.
Исто така од саатницата треба да ја исклучите паузата бидејќи не ви е платена.

Работниот ден трае 12-13 часа. Во посебни случаи кога аспарагусот расте брзо и кога е топло времето работниот ден трае и до 20 часа.Може да се земе една или две паузи за ручек, кои се одбиваат од дневницата.

На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг, јави Дојче Веле.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да мигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажа истражување на Фондацијата Бертелсман.

Поради стареењето на населението, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми миграцијата. Без нови странски работници, недостигот на работна сила може да има катастрофално влијание врз четвртата најголема економија во светот.

Студијата проценува дека околу 114 илјади луѓе ќе мигрираат од други земји на ЕУ, но демографскиот фактор и економското приближување меѓу земјите од ЕУ ќе го намалат поттикот за работниците да се доселуваат во Германија.

Директорот на Бертелсман, Јерг Дрегер изјави дека официјалните бројки покажуваат оти во 2017 само 38 илјади работници дошле и останале во Германија.

Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници, но и да развие поробустна програма за интеграција, пренесува Дојче Веле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This