Доаѓаат дождови, засилен ветер и на планините снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а особено во јужните предели ќе има услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.

Утре и во четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно, додека во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.

Поинтензивен влажен бран како што најавивме се очекува во текот на ноќта четврток кон петок, и во петок, како и за време на викендот и истиот на повеќе места ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, додека за време на викендот во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 15 степени, Исто така во петок, како и за време на викендот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This