ДОАЃА БРАН ОД АФРИКА:Рано – летни температури на воздухот до 25 °C

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До крајот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но има услови и за слаб локален дожд, ќе дува умерен ветер од северен правец кој на некои места повремено ќе биде и засилен, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 10 до 18 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат до околу 21 степен, малку посвежо ќе биде утре со максимални дневни температури кој ќе се движат во интервалот од 10 до 18 степени додека на повисоките и планинските места истите ќе бидат пониски, времето ќе биде претежно стабилно и суво иако локално само има услови за сосема сллаб и краткотраен дожд.

Во текот на следната недела под влијание на бран од Африка максималните дневни температури повторно ќе бележат тенденција на позначителен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени додека во најтоплите региони максималните температури се очекува да се искачат до околу 25 степени, ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува во интензитет.

Поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава се очекува минимален транспорт на прашина и на песок, исто така и во и понатаму ќе продолжи претежно стабилното, суво и сончево време иако повремено ќе има појава на умерена облачност.

А, ова е деталната временска прогноза според AccuWeather.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This