March 29, 2024, 10:44 am

ДОАЃА ЖИВОТ, ДРЖЕТЕ СЕ: Можно е зголемување на цената на лебот и пекарските производи – на потег новата влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекуваните приноси годинава се преполовени во споредба со минатата година. Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препораката на ССК е да се изврши интервентен откуп на пченицата од страна на Бирото за стоковни резерви, пред стартот на откупот за да бидат заштитени сите страни и да има стабилност на пазарот

Годинава се очекуваат значително помали приноси во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата нема ниту да има жетва. Причини за ваквата состојба се лошите временски услови, но и недоволна примена на агротехничките мерки за да може да се спаси родот, велат од Агро бизнис комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Оттаму додаваат дека поради ниските приноси можно е зголемување на цената на пченицата, брашното, лебот и на сите пекарски производи.

– Очекуваните приноси годинава од пченицата се преполовени во споредба со минатата година. Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препорака е да се изврши интервентен откуп на пченицата од страна на Бирото за стоковни резерви, пред стартот на откупот за да бидат заштитени сите страни и да има стабилност на пазарот. Битно е да се собере секое зрно, бидејќи ако се зголеми откупот, автоматски интересот за сеидба за следната сезона ќе се зголеми, а со тоа и површините со житни култури. Исто така, предлагаме доколку има потреба да се субвенционира лагерување во постоечките капацитети. На овој начин, цената на пченицата и јачменот по завршувањето на жетвата и сместувањето на количините ќе биде 20 до 30 проценти повеќе. Инаку, вообичаено во вакви случаи на намалено домашно производство не е исклучена можноста да има пораст на цените на финалните производи, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората.
Тој додаде дека за да се намали влијанието на климатските промени потребна е примена на агротехничките мерки, квалитетен семенски материјал, добра примарна обработка и квалитетно ѓубриво.

– Искуството покажува дека на површини на кои се применети најсовремени агротехнички, дадоа добри приноси и покрај временските непогоди за разлика од оние на кои не беа применети истите. Веќе нема дилема дека е повеќе од неопходно е користењето на современа технологија со цел да се задржи конкурентноста и да го подобриме квалитетот на приносите, рече Оровчанец.
Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на Агро бизнис комората, вели дека доколку имаме ситуација на зголемување на цената на пченицата, тоа ќе значи зголемување на цената на брашното, а со тоа и цената на лебот.

– Треба да се напомни дека поради лошата сезона можно е да потфрли и квалитетот на пченицата. Затоа дел од мелничарите се одлучуваат за увоз на поквалитетна пченица по иста цена со домашната. Минатата година цената на брашното беше 12 денари за килограм, изјави Ѓеоргиевски, генерален менаџер на „Специјал”.
Како позитивен пример кај нас беше посочена компанијата „Везе шари” која на површини од 550 хектари во Прилепско, како резултат на примена на современите агротехнички мерки и покрај лошите временски услови очекува солидни приноси.

– Пченицата и пченката дадоа добар квалитет и солидни приноси кои очекуваме да бидат преку 50 тони силажа од пченка и преку 7 тони на хектар, пченица, рече Даниела Настова-Пиштолова, член на УО на Агро-бизнис комората и претставник на “Везе шари”.
Таа додава дека во моментот се работи на обезбедување на систем за наводнување, изградба на сушара, кланица и изградба на фарма за бикови.

– Планираме да почнеме производство на семенски материјал, со што би го намалиле увозот на семенски материјал во државата. Целта ни е да го заокружиме целиот процес на преработка, без создавање на отпад и крајниот производ да ги подобрува својствата на почвата за да може од неа да се добијат многу поголеми приноси и род на земјоделски производи, изјави Пиштолова.
Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица родот тежеше 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва 2015 година. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар.

(А.С.)
Вечер

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This