ДОАЃА ЖИВОТ, НАРОДЕ: Ништо од повратот на ДДВ, граѓаните со куси ракави – ветувањта на Заев ветер и магла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизборно ветување на СДСМ засега останува само на хартија. Повратот на 15 проценти од Данокот на додадена вредност, кој требаше да се реализира во две пилот општини на стартот од јули, се уште не е официјализиран. Од Министерството за финасии нема ниту абер кои ќе бидат двете општини каде пробно треба да стартува проектот.

Владата пак со став: Поврат на ДДВ ќе има, но дури следната година. Конкретен термин кога и каде ќе почне да се имплементира мерката, нема ниту од Управата за јавни приходи. Директорката Сања Лукаревска минатата недела рече дека токму оваа реформа ќе биде следна на листата на даночните власти.

– Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот “Повеќе пари кај граѓаните”, кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спортските клубови.

Проектот „Повеќе пари кај граѓаните“, премиерот Зоран Заев го најави во предизборната кампања во октомври 2016 година. Тој при посетата на Валандово, тогаш рече дека ова ќе биде една од најважните мерки на Владата и оти ќе се имплементира веднаш по 11 декември 2016 година. Две и пол години подоцна, надлежните со изговор дека мерката ќе стартува догодина.

Повратот на 15 проценти од ДДВ за граѓаните нема да важи при купување на луксузни производи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This