ДОАЃА КРАЈОТ НА ЛИБЕРАЛНАТА НЕ-ДЕМОКРАТИЈА: Виктор Орбан ја честиташе победата на Трамп и смета дека тоа е добро за светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија смета дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД го означува крајот на ерата на дведеценискиот период на „либерална не-демократија“ на Западот

orban_tramp

„Ова е вториот ден од овој историски настан, во кој Западните цивилизации успешно се ослободија од стегите на идеологијата“, изјавил Орбан на прес конференција организирана од Европската Банка за поддршка и равој.

„Живееме во денови во кои она што го нарекуваме либерална не-демократија во која живееме во последните 20 години, завршува, и можеме да се враитме на реалната демократија“ – рекол Орбан.

Орбан, инвеститор вреден милиони кои стана политичар, не е далеку поразличен од Трам. Тој е конзервативен, често критикуван поради прагматичните решенија, и скептичен во врска со глобализација и опасностите кои од тоа се закануваат на неговата земја.

Тој беше првиот Европски политичар кој изрази поддрпка на Републиканскиот кандидат во претседателските избори во САД. Во јули тој ја нарече надворешната политика на Клинтон „смртоносна“ за Унгарија, додека скептицизмот на Трамп во врска со имиграцијата била „витална“ за Будимпешта. Орбан исто така ги отфрлил стравувањата дека изненадувачката победа на Трамп ќе биде катастрофална за Западот.

„Можеме да најдеме решенија за проблемите кои не произлегуваат од идеологија, но базирани врз прагматично, креативно размислување кое потекнува од нормалното размислување“, рекол Орбан.

Унгарскиот премиер е гласен критичар на некои Европски политики, а највеќе за политиката на отворени граници за мигрантите од Блискиот и Среден исток. Тој нареди подигнување на ограда на јужната граница на Унгарија.

Тој исто така бара од ЕУ да ги обнови врските со Русија, повикувајќи го Брисел да ги запре анти-Руските санцкии кои се докажаа како штетни за Европа, а без никаков резултат во вршењето притисок врз Москва.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This