ДОАЃА ПРОЛЕТТА: Мечокот излезе од својата пештера и го означи крајот на зимата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес мечокот Миша од белградската зоолошка градина излезе од својата пештера. Ако им веруваме на народните преданија, тоа значи дека завршуваат студовите и доаѓа пролетта.

Тој не само што излезе од пештерата, туку и цело време го набљудуваше небото, што е добар знак, како што кажуваат од зоолошката градина.

Според народните преданија, ако мечокот на денешен ден излезе од пештерата и се исплаши од својата сенка и се врати во пештерата, зимата ќе потрае уште шест недели.

Ако тој не ја види својата сенка, пролетта е на прагот.

Миша не само што не ја видел својата сенка, туку само присобрал храна и уживал на свежиот воздух.

„Иако Миша е тибетски мечок, навикнат е на нашите услови и можеме да му веруваме“, се шегуваат од зоолошката градина.

Тибетските мечки летото го поминуваат во планините, а на зима се спуштаат во ниските предели барајќи погодно место за да ги поминат студовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This