Доаѓа сонце- погледнете какво ќе биде времето во наредните денови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во текот на ноќта беше облачно со повремени локални врнежи од снег, претежно со слаб интензитет, особено во западните и јужните делови. Изутринава речиси на секаде врнежите се престанати, а снежната покривка од овие врнежи незначително се зголеми. Дуваше слаб до умерен, а утрово вдолж Повардарието и во источните делови и засилен ветер од северен правец.

soncevo-3

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен слаб снег, особено во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, како и на планините повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до еден степен.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во петок и сабота и претежно сончево и тивко.

Утринските температури ќе бидат во опаѓање и на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните за време на викендот во благ пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This