ДОБИВАЛА ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ: Мизрахи ги пријави во полиција заканите кој ги добива со месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рашела Мизрахи денеска во полиција ги пријави заканите кон неа упатени на официјалната Фејсбук страница во период од јануари до јуни годинава.

Според записникот на МВР заканите кон Мизрахи биле испратени повеќе пораки како коментари на нејзини објави со навредливи и заканувачки содржина по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

Дел од пораките кои таа ги пријавила во полиција се со следната содржина: „Дај Боже шлепер да ти ги удри копилињата, цревата да им ги собираш по патиштата, во септичка јама да ги закопаш, гробот да не им се знае“.

„Нaцисти по карактер и дух, еврејка само Хитлер за вас, еврејка проклета, омразата“, се само дел од коментарите упатувани кон неа.

Мизрахи во полиција појаснила дека овие коментари не може да ги достави преку принт скринови поради тоа што нејзиниот ПР тим имало наредба да ги брише коментарите со недолични пораки и со антисеметска и фашистичка содржина.

Инаку освен заканите кон нејзиниот живот, таа добивала закани и кон целото нејзино семејство.

По ова известено е и Јавното обвинителство, а земен е и записник за прием на сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This