ДОБИВМЕ ОДГОВОР ЗА ТОА КОЛКУ ЧИНЕЛ ПАТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Летал со „Адрија Ервејс“ преку Љубљана до Брисел за 22.000 денари по човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не летал во бизнис класа туку во економска, со повратен билет кој чинел 22.000 денари по човек. Во делегацијата биле четворица, не петмина. Авиокомпанијата која ја користеле била „Адрија Ервејс“ со која летале од Скопје преку Љубљана до Брисел – тврди генералниот секретар на Претседателот на Р.Македонија Миле Бошњаковски во експресна реакција до „Инфомакс“

 

Иако три дена се трудевме да добиеме одговор за деталите во врска со летот на Пендаровски со комерцијален, наместо владиниот авион (кој е на сервис), одговорот го добивме во форма на реакција од генералниот секретар.

Според Бошњаковски, граѓаните платиле 22.000 денари по човек за повратен билет до Брисел од Скопје преку Љубљана со лет на „Адрија Ервејс“, бидејќи оној на „Аустријан Ервејс“ (илустративно) бил 39.000 денари посакп. Во делегацијата на Претседателот која замина за Брисел биле четворица, што вкупната сума за повратните билети на претседателската делегација била околу 88.000 денари.

На Бошњаковски му се заблагодаруваме за експресната реакција со цел спречување на дезинформациите во јавноста, а до  службите на Канцеларијата на Претседателот на Р.Македонија апелираме сериозно да го сфатат повикот на Претседателот во инагурациското обраќање за поголема транспарентност кон јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This