ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА: Како да го подмладиме организмот и да ги спречиме болестите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јошинори Осуми е јапонски биолог кој на 3 октомври 2016 година доби Нобелова награда за психологија и медицина за откривање на механизмот – аутофагија.
Аутофагија е процес кој ќелиите го користат за да ги разградат и рециклираат ќелиските компоненти. Како образложение за добивање на наградата Комитетот за доделување го издаде следново соопштение:

„Откритието на Јошинори не доведоа до нови парадигми кои објаснуваат како ќелиите го рециклираат своето тело. Неговите откритија отворија пат кон разбирање на фундаменталните важности на аутофагијата за различни физички процеси, како што се адаптација на глад или одговор на инфекција.

Аутофагија е процес на користење и рециклирање на несаканите делови на ќелијата, односно „ѓубрето“ кое се наоѓа во неа. Самиот термин, со кој е наречен овој процес, се состои од два грчки зборови кој во превод значат „само-јадење“.

Фактот дека тој феномен постои, го открија научници во 60-те од минатиот век. Но они не можеле да го разберат механизмот бидејќи бил многу комплициран. Во деведесттите, Осуми тоа го направи. Додека ги правеше своите експерименти, ги откри и гените кои се одговорни за аутофагија. И речиси 25 години подоцна, наградата го пронајде човекот кој стана 39. научник во историјата кој се закити со Нобелова награда.

„Аутофагијата е својствена за сите живи организми, вклучувајќи не и нас. Благодарение на неа ќелиите се ослободуваат од непотребните делови, а телото во целина – од непотребните ќелии.“

Кога процесот е најинтензивен?

Кога телото е под cтpec. На пример кога сме гладни. Во овој случај ќелиите земаат енергија од своите внатрешни ресурси – од било кое насобрано „ѓубре“ што вклучува и патогени бактерии. Со ова нобеловецот објаснува дека некогаш е добро и корисно да гладуваме и да постиме бидејќи тогаш нашето тело е чисто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This