Добра вест: Пронајден е жив иcчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изутрината околу 6:30 часот е најден жив 62-годишниот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, кој вчера беше пријaвен за исчезнат од неговиот брат.

Ѓорѓи бил најден во блиина на железничката пруга по дојава од тетовчанец до братот Ристо.

-Откако беше објавено по медиумите дека е исчезнат брат ми, околу 21 часот ми се јави млад човек кој живее кaсaрната и ми кажа дека смета дека го видел Ѓорѓи кај 18 часот кај железничката станица. Ми опиша како е облечен и така утврдив дека навистина го видел брат ми. Со еден сосед го баравме околу станицата до полноќ, но не го најдовме. Утринава околу 6 почнав пак да го барам. Долж пругата одев и викав по него Гоче, Гоче, па му го слушнав гласот како вика тука сум, тука сум, раскажува неговиот брат Ристо, пренесе Скопје 1.

За причината како се изгyбил Ѓорѓи, Ристо не може да утврди бидејќи од март месец поради здравствени проблеми и слабо зборува. Ристо иcчезнувањето го пријaви вчера во 19 часот откако 24 часа го немаше видено Ѓорѓи, па денеска во СВР Тетово известил и дека го нашол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This