Добредојдовте во времето на енергетска сиромаштија…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Либан од денес и во наредните денови е во целосен мрак поради недостаток на јаглен.

Њу Делхи и повеќе од половина од електраните во цела Индија имаат јаглен за само уште три дена. Најверојатно повеќе од половина милијарда луѓе ќе останат без електрична енергија.

За целосен мрак се подготвува Америка, а многу веројатно и себичната Европа.


Кризата е вештачки создадена со новата европска регулатива за префрлање на технологии за зелена енергија кои не се доволно развиени и немаат доволен капацитет за да ги задоволат потребите на потрошувачите.

Рускиот гас се чини за одредени држави е забранет поради геостратешките определби на Западот, уште еден каприц на неолибералите.

Пазарот на енергенси во моментов бележи вртоглав раст на цените, никој не може да каже што ќе се случи со сигурност за неколку месеци.

Најверојатно е дека она што не очекува е мрак на повеќе од половина свет. Уште една вештачки создадена криза со единствена цел да се удри по обичниот човек.


Голем број експерти предупредуваа на пандемија на енергетска сиромаштија ширум светот, но ги правеа будали.

Голем број луѓе се одлучија да веруваат на приказните за мали деца на Обединети нации за глобално затоплување и покрај лошото искуство со СЗО и пандемијата со Ковид 19.

Сега Гугл ќе цензурира и ќе им забранува на луѓето да читаат научници кои говорат против тезата за глобално затоплување.

Нека ми одговорат сите оние кои веруваат во глобално затоплување предизвикано од човекот:

Зошто во 9 век Гренланд наместо со ледена прекривка бил зелен и на плодната почва се одлегувале голем број земјоделски култури? Викинзите ли ја започнале индустриската револуција?

Зошто немало ефект на стаклена градина во времето на диносаурусите кога имало за 5 пати повеќе CO2 во атмосферата?

И се разбира ако знаете да читате графикони погледнете ја графата од „катаклизмичкото затоплување“ во последниве 100 години ама и погледнете како се движела температурата на земјата низ милиони години за да направите споредба која држи вода. И да не секогаш во светот имало лед на половите…

А бидејќи е толку топло им препорачувам на сите оние кои веруваат во глобално затоплување есенва и зимото што следува да ги извадат бушоните дома и да отворат прозорец за да не загадуваат и да се стоплат. И да не заборавам оние кои го создавааат научниот „консензус“ по ова прашање нема да останат ниту без струја, ниту без интеренет, телевизија и сите придобивки на модерното време.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This