Добри вecти: Bo вeлeшкaтa 6oлницa минимaлнo нaмaлyвaњe нa Koвид пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои, 28 се позитивни на ковид-19 и 10 пациенти се со негативен тест, но, задржани на болничко лекување.

Како што информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова, на кисородна поддршка се 16 пациенти.

Јованова дополнува дека на Инфективното одделение има 37 пациенти, додека, интерно, еден пациент кој се лечи по прележан ковид-19.

На 1 јануари оваа година, во велешката болница имаше 26 пациенти од кои 19 потврдени, два сомнителни и пет со негативен тест но задржани на болничко лекување. Тогаш, на кислородна поддршка имаше 10 пациенти, што е за шест пациенти помалку, споредено со денешниот ден, кога се вкупно 16 пациенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This