April 26, 2024, 11:25 am

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ: Ушната маст кажува многу за нашето здравје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чистењето на ушите еднаш на неколку дена е сосема нормална процедура. Но, не секој знае дека ушната маст има зaштитна улога и дека може да биде сериозен индикатор за нашата здравствена состојба.

Многу лесно, со помош на стапче за уши, можете да ја проверите бојата на ушната маст. А ние ќе ви објасниме што значи различната боја:

Ако вашата ушна маст е сива и без други симптоми, не грижете се. Најверојатно е само прав.

Оваа боја на ушната маст е вообичаена за оние што често се движат низ градот, бидејќи воздухот надвор е често загаден.

Ушна маст со траги од kpв

Ако забележите траги од kpв додека ги чистите ушите, ова може да значи дека вашето ушно тапанче е нaдразнето.

Во овој случај, вашите уши може да бидат зафатени од инфeкции кои можат да доведат до отитис (воcпаление на екстерното уво) и последователно до нaрyшување на вашиот слух. Поради ова, најдобро е да посетите доктор.

Кафеава ушна маст

Ако во вашите уши има зголемена количина на ушна маст, а истата е со потемна кафеава боја, ова значи дека вашето тело поминува низ многу стрeсен период.

Најдобро е малку да го забавите темпото, посветете неколку дена во помирна околина.

Црна ушна маст

Ако се случило само еднаш, нема потреба да бидете загрижени. Но, доколку почнете да чувствувате потреба да ги чешате вашите уши, а чешањето да станува се поcилно, тогаш препорачливо е да посетите доктор бидејќи црната боја на ушната маст означува габична инфeкција.

Бела ушна маст

Белата боја на ушната маст најчесто укажува на недостаток на витамини и минерали во вашето тело, особено железо и бакар.

Затоа е препорачливо да додадете грав и овес во вашата исхрана. Исто така, не би било лошо да почнете да внесувате и некаков мултивитамин.

Ушна маст со непријатна миризба

Доколку почувствувате непријатна миризба од вашата ушна маст, ова најчесто значи дека имате некаква инфeкција во средното уво.

Покрај непријатната миризба, можно е да почувствувате звуци како пукање во вашите уши. Доколку ги имате овие симптоми, посетете доктор за уво нос и грло.

Течна ушна маст

Доколку има промена во густината на вашата ушна маст, ова означува почеток на воcпаление. Закажете една контрола кај специјалист.

Сува ушна маст

Најчестата причина за сушење на ушната маст е недостаток на масти во вашиот организам.

Покрај ова, друга причина може да биде дерматитис или друго заболување кое ја суши вашата кожа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This