ДОБРО ЗНАЕМЕ СИТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЕКОНОМСКА ПРОГРАМА НА СДСМ: Уште се свежи сеќавањата од најголемата невработеност во светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38%. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство, вели Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ.

kiril-minoski-1-640x375

Интегрално ви го пренесуваме говорот на Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ

На последните парламентарни избори, граѓаните одлучно ја отфрлија т.н. Изборна Програма на СДСМ.

Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на Тиранската Платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ.

Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38%. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство.

Од тие причини ние уште еднаш укажуваме на фактот дека народот е на улица. Народот јасно кажува дека се противи на Тиранската Платформа и на обидите да се разнебити унитарниот карактер на Република Македонија.

Дури и ваквата економска програма на СДСМ ќе биде поддржана доколку одлучно се откаже од прифаќањето на Тиранската Платформа, која што уште еднаш повторувам, значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This