March 28, 2024, 11:15 pm

ДОБРО, ИМАТЕ ЛИ ДНО ВО МИЗЕРНОСТА: Сојузот на слепи лица се жали на притисоци од Фросина Ременски која со комисија им упаднала во просториите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) тврди дека се соочува со системски притсиок од страна на министерката за труд и социјална политика на Фросина Ташевска-Ременски

remenski-baba-roga

Во соопштението што го испрати денеска Сојузот се вели дека министерката „прекршувајќи го Пржинскиот договор и Законот за Влада на РМ член 45, 46 и 47 своеволно, сама без консултација со дополнителниот заменик министер Диме Спасов и без негов потпис формира Комисија за спроведување надзор над законитоста на работењето на НССРМ“.

– Еднаш веќе од страна на техничката министерка се соочивме со огромен притисок и контрола во месец мај оваа година, но сега повторно пред избори техничката министерка формира противзаконски комисија за да изврши притисок и заплашуавње на членството, а се со цел подобар резултат за СДСМ на изборите, се вели во соопштението од НССРМ.

Оттаму тврдат дека Комисијата противзаконски веќе еднаш пред 10 дена дошла во просториите на НССРМ каде им биле дадени сите барани документи.

– Истата Комисија со директен притисок, ненајавени, не земајќи ги предвид огромните активности на НССРМ и сензуалноста за која категорија на граѓани се организираат активности ненајавена дојде во посета на Сојузот со цел да изврши притисок врз неговите претставници, велат од Сојузот.

Велат и дека министерката формирала комисија за надзор над законитоста на финансовото работење на НССРМ,  за 2015 и 2016 година, втор пат оваа година, и оти таа бара и други програмски, архивски документи, како и документи кои се лични досиеја на членовите на НССРМ за што, како што посочуваат, согласно Законот за заштита на лични податоци не смеат да ги дадат.

– Во Комисијата има нестручни лица кои не се од областа на економијата, туку се социјални работници, па оттука не чуди стручноста на еден социјален работник во областа на финансовото работење и сметководството. Согласно решение на техничката министерка назначени се Јована Тренчевска шеф на кабинет, Слободанка Лазова Здравковска кабинетски службеник, Валдета Вукељ, советник и Зоран Вучев како раководител на одделение,  но очигледно и потписот на техничката министерка не значи ништо па во контрола доаѓаат Слободанка Лазова Здравковска, Зоран Вучев и и двајца службеници за кои немаме добиено овластување Јасмина Јовановска и Мирјана Алексовска, но повторно напоменуваме дека овластувањата се противправни и непроизведуваат правно дејство бидејќи немаат потпис од дополнителниот заменик министер, се вели во соопштението од НССРМ.

Оттаму потенцираат дека НССРМ е непартиска организација и дека секакво мешање во внатрешните односи на Сојузот го сметаат како најгруб упад во работењето на НССРМ и директен притисок и атак врз членството на НССРМ со цел агитирање за гласање пред избори во корист на СДСМ.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, додаваат, претставува непартиска, непрофтина, доброволна, организација од посебно општествено значење, национална инвалидска организација.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица во кои членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата претставува единствен легитимен претставник  на оваа категорија на граѓани.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This