Добap бизниc: Koмпанијата „Гилeaд cajнс“ веќе зapaботи 900 милиони долари од „peмдесивир“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антивирусниот лек „ремдесивир“, кој го примаат пациенти хоспитализирани поради КОВИД-19, веќе му донесе на производителот „Гилеад сајнс“ („Gilead Science“) заработка од речиси 900 милиони долари во третиот квартал.

Благодарение на продажбата на производот, развиен за третман на хеморагична треска ебола, но без успех, групацијата ги зголемии кварталните приходи за 17 отсто на 6,58 милијарди долари.

„Гилеад“ стана профитабилна компанија и оствари нето добивка од 360 милиони долари.

„Ремдесивир“ е еден од првите лекови за кои се покажа дека е релативно ефикасен во ригорозните испитувања со цел се скрати времето на закрепнување на пациентите со КОВИД-19.

Се покажа дека „ремдесивир“ го скратува времето на закрепнување за неколку дена, но не е докажано дека ја намалува смртноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој заболе од КОВИД-19 на почетокот на октомври, беше лекуван со „ремдесивир“ пет дена, како и други лекови.

Агенцијата за лекови на САД (ФДА) на 22 овој месец издаде одобрување за тој лек, кој стана единствената специфична терапија за КОВИД-19 одобрена трајно, а не привремено во САД.

Европа и други земји пролетта исто така привремено го одобрија „ремдесивир“.

„Гилеад“ генерира значителен дел од своите приходи со продажба на лекови за СИДА, кои пораснаа за 8 проценти, на 4,5 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This