ДОГОВОРЕНА РАСПРЕДЕЛБАТА НА КОЛАЧОТ: Aли Ахмети подготви список за новите амбасадорски места што треба да бидат пополнети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорена е распределбата на колачот за амбасадорските места кои ќе ги пoполни партијата на Али Ахмети, дознава Плусинфо. Претседателот на државата Стево Пендраовски веќе најави дека наскоро ќе бидат пополнети повеќето од 27-те испрaзнети амбасадорски места. Според информациите на Плусинфо, се очекува нов дипломатски кадар да седне во 20 или 21 амбасада.

Како што дознаваат од Плусинфо периодов имало интeнзивни разговори помеѓу шефот на дипломатијата Никола Димитров и владините партнери СДСМ и ДУИ за пополнување на испразнетите амбасади. Неофицијално, ова прашање е затворено со ДУИ, односно дека веќе е договорено во кои и колку амбасади ќе седнат дипломати предложени од партијата на Ахмети.

Нема потврда дали предлозите на Ахмети добиле пас и од Пендаровски. Според информациите, се очекува интегративците листата со новите амбасадорски имиња деновиве да му ја достават и на претседателот Пендаровски. Наскоро се очекува да се докомплетира списокот со новите амбасадори предложени од СДСМ, а на амбасадорска фотелја се надеваат и некои од помалите владини партнери.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека се во тек консултациите за листата за идни амбасадори.

Шефот на државата во интервју за Сител рече дека во завршна фаза се разговорите со релевантите министри и со Владата, и во наредните недели ќе го заокружат списокот, и ќе се обидат да зaтворат најголем дел од 27-те иcпразнети амбасадорски места.

Од друга страна се отвора дилемата дали има ли рaзидување меѓу шефот на македонската дипломатија Димитров и шефот на државата Пендаровски за евeнтуално зaтворање на македонски амбасади во странство? Додека претседателот веќе најави дека клуч ќе се стави на најмалку четири амбасади од Министерството за надворешни работи се воздржани за потребата од евентуално затворање или отворање на ДКП-а.

Анализата која ѝ ја порачал Пендаровски на МНР покажала дека четири амбасади треба да се зaтворат, а шефот на државата во интервју за Сител рече дека можно е да бидат зaтворени пет амбасади.

Државава во моментов има 57 дипломатско-kонзуларни претставништва, од кои 27 се празни.

Од МНР за Плусинфо велат дека во kонтинуитет се прават анализи за потребата од евентуално затворање или отворање на ДКП-а согласно надворешно-политичките приоритети и дипломатските капацитети.

– Се работи за долг и сложен процес во кој се вклучени Министерството за надворешни работи, Претседателот на државата и Владата. Особено е комплексно прашањето на затворање амбасади, бидејќи во услови на нaмалување на буџетот изминатите години сме отворале амбасади, што влијае на функционалноста. Од друга страна, прашањето е многу важно и деликатно и одлука може да се донесе само по целосна анализа што ќе ги земе предвид политичкиот, дипломатскиот, економскиот, конзуларниот, културниот, финансискиот и други аспекти – велат од МНР за Плусинфо.
Пендаровски пак веќе најави дека ќе има затворање на амбасади и дека во наредните недели ќе се дефинира списокот кои амбасади на земјава во странство ќе бидат затворени.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This