ДОГОВОРОТ Е ПОТПИШАН ОД НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА И Е ФИКЦИЈА: Референдумот ќе биде најскапо платеното испитување на јавното мислење во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Билјана Ванковска повторно на социјалните мрежи ги коментираше актуелните политички случувања во државата. Имено Ванковска откако во јавноста протече предлог законот за референдумот за промена на името на државата истакна дека ова ќе биде најскапо платеното испитување на јавното мислење во Македонија.

 

Таа истакна дека целата состојба е една правна фикција, бидејќи договорот е потпишан од неовластени лица, од име на некоја држава која е запишана како ,,Втора страна’’, а договорот не е ратификуван од ниту една од страните.

-Најскапо платено испитување на јавното мислење на”целата територијата” на Република Македонија за договор потпишан од неовластени лица во име на “Втората страна”. Притоа, Договорот не е ратификуван, т.е. е правна фикција, напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This