ДОГОВОРОТ ЗА СЕВЕРНА ВЕЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА: Грците ги пишуваат лекциите во македонските историски учебници, ние немаме никакви барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко-грчките симболи и картите на Голема Македонија, биле трите барања на грчката страна на состанокот со колегите експерти од нашата земја, брифираат официјални грчки дипломатски извори, јави МИА од Атина.

Првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција за историски, археолшоки и образовни прашања одржан во ноември во Солун поминал во многу позитивна клима, а грчките дипломатски извори велат дека македонските експерти на чело со поранешниот амбасадор Виктор Габер „беа во рамки на климата што е одредена од потпишувањето на договорот од двете држави и јасно ги обврзува земјите да не постојат иредентистички и ревизионистички аспирации во книгите”.

Втората средба ќе се одржи во текот на овој месец во Македонија, а на првиот состанок откако членовите на комитетот се договориле за правилата за водење на разговорите и процедурите (the rules of procedure), грчката страна на маса поставила три прашања.

-Прво, рековме дека другата страна ќе треба да се погрижи за упатставата што ќе бидат дадени на професорите и наставниците за наставата во новата учебна година да бидат такви што дури и да не се коригирани книгите,  да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам. Второ, од книгите да се исфрлат било кои античко- грчки симболи што постојат или особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што поради оптичкиот контакт и како слики влијаат на децата. Третото што го кажавме е секако да се отстранат мапите кои што највидливата точка на иредентизмот, мапи кои ја опишуваат Голема Македонија, објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори.

Додаваат дека по првичниот договор и откако ќе се обезбедат трите барања ќе започне ред по ред ревизијата на учебниците.

Истите извори велат дека македонската страна немала конкретни барања од грчките колеги, „бидејќи грчките книги не содржат иредентизам, затоа што не е замисливо земја членка на ЕУ да има такво нешто во книгите”.

Грчките дипломатски извори потенцираат дека Грција самоиницијативно ќе направи промена во нивните карти за да ги усогласат со меѓународните правила, па наместо како досега за градот Битола да пишува Монастири како што е на грчки, ќе треба да стои Битола (Монастири) или за бугарскиот град Пловдив да пишува Пловдив (Филипуполи), а не само Филипуполи како што е сега.

Целта, според грчките дипломатски извори е книгите од следната година да бидат ослободени од иредентизам. Велат дека  и да не постоеше конкретниот член во Договорот од Преспа, ревизијата ќе беше дел од поглавјата за членство во Унијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This