ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НЕМА ДА СЕ РАТИФИКУВА ВО ГРЦИЈА: Новите анкети покажуваат дека Ципрас убедлиов ќе ги загуби предвремените парламентарни избори кај јужниот сосед!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разлика од 11 процентни поени во прилог на Нова Демократија споредбено со СИРИЗА укажува новата анкета на грчки СКАИ. Последната анкета во Грција покажува дека опозициската Нова Демократија ја ужива довербата кај 33 процент од гласачите додека Сириза кај 22% процент од гласачите. Загрижувачки е порастот на поддршката кај фашистичката Златна Зора која сега ја ужива поддршката од 8 проценти од гласачите, додека КИНАЛ има поддршка од 7 проценти , а комунистичката ККЕ ужива поддршка од 6 проценти од гласачите.

Партијата на екс министерот за надворешни Никос Коѕијас кој сега е вмешан во мегакорупцискиот скандал со тајните фондови на министерството тешки 50 милиони евра, партијата АНЕЛ ужива поддршка кај само 1 процент од гласачите.

Сево ова укажува на фактот дека Договорот во Преспа никогаш нема да се ратификува во грчкиот парламент со оглед на фактот што опозициската Нова Демократија не се согласува со истиот, а владата на Ципрас е пред целосен колапс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This