ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА E ДЕБАКЛ: ВМРО ДПМНЕ ќе направи се за да ја измени неправдата со договорот со Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостуваше во вечерашната отворена дебата на МТВ каде што кажа дека ВМРО ДПМНЕ ќе направи се за да ја измени неправдата со договорот со Грција.

Мицкоски истакна дека македонската дипломатија водена од министерот за надворешна работи, Никола Димитров, кој што се срами како што вели тој од искомплексираната нација доживеала дебалк. „Дебаклот на македонската дипломатија која што ја предводеше министерот кој што се срами од искомплексираната нација е евидентен и тој беше крунисан со договорот од Преспа „ кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ нема да ветува работи кои што нема да ги исполни , но напомена дека се обврзува и може да вети дека кога партијата ќе ја добие довербата од граѓаните ќе стори се што е во нејзина моќ овој процес да го измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This