ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ИМА СКРИЕНИ НАМЕРИ: До 2025 ЕУ нема да прима нови членки, договорот е мамка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија одамна бара помош пред се од Брисел, но најчесто не ја добиваше сега малку работите се променија бидејќи целата оваа тешка криза овие неколку години тие имаат една нагласена улога и сега тие го финализираат своето учество во сите овие промени кои настанаа во нашата земја, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски за вестите на телевизија Алфа.

-Меѓутоа кога зборуваме за нашиот напредок кон Брисел, мора да појдеме од два основни постулати, првиот и клучниот е фактот дека нема проширување на унијата и дека тоа уште долго нема да биде на дневен ред, тие отворено кажаа дека до 2020-та година нема нови членки, а јас сум убеден дека до 2025 нема да има нови членки, а можеби ќе фати и 2030 –та година со единствен случај на Црна Гора, како што направија со НАТО, а вториот постулат е блокадата и прво името па потоа членство во ЕУ. Кога новата влада беше во Брисел отворено им беше соопштено да не сметаат на патот кон Брисел ако прашањето со името не биде решено, потенцира Никовски.

Тој истакна и дека новата власт е спремна за компромиси кој е анти историски и дека доколку се смени името Македонија веднаш ќе ги започне преговорите со ЕУ.

-Мислам дека ова што се прави со Бугарија е историски погрешно и да се тврди дека со Бугарите имаме заедничка историја е една непростлива грешка, а со други зборови ние сме Бугари само неосвестени иако дел од историјата ни е заедничка како на пример Никола Вапцаров кој пишува на бугарски, тој бил Македонец како една плејада на Македонци кои живееле во Софија и тие може на еден начин да ги прифаќаат Бугарите, меѓутоа тој Вапцаров пишувал дека оваа земја Бугарија не е моја. Така да тука има дел што може да се слави заедно, но во никој случај Илинденското востание, кое симбол на нашата борба и слобода и дека тука има работи кои треба да се расчистуваат изјави Никовски.

Тој потенцираше и дека Бугарија во моментов има скриени намери со Македонија.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This