ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА ГО БЛОКИРАЛА РУСИЈА: Аналитичарите велат дека ќе помине во двете државни, но можни се опструкции од трета страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Процесот околу имплементација на Договорот од Преспа, се чини, ќе биде успешен, а позитивни се и сигналите за тоа во Грција. Ако Македонија ги исполни сите барања, ќе изгледа многу лошо за Грција ако таа не ги исполни своите обврски; тогаш целиот притисок ќе биде врз Грција, вели во интервју за МИА Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац Австрија.

-Секогаш е тешко да се предвиди неочекуваното. Но, сите сигнали се многу позитивни. Како прво, актуелната грчка Влада е посветена на Договорот и сака да помине. Се чини дека има поддршка и од одредени опозициски партии во Парламентот. Исто така, искрено верувам дека Нова демократија, која формално е против Договорот, не би била несреќна ако Договорот помине пред да дојдат на власт следната година. Бидејќи ако Македонија ги исполни сите барања, ќе изгледа многу лошо за Грција ако таа не ги исполни своите обврски; тогаш целиот притисок ќе биде врз Грција. Затоа постои добра основа да веруваме дека сите значајни партии ќе ја одиграат својата улога и или ќе го прифатат договорот или барем нема да го бојкотираат до степен да пропадне. Со Грците не се знае, но сигналите од нивна страна се позитивни и оптимист сум дека договорот ќе добие поддршка во парламентите на обете земји во следниве неколку месеци, посочува Бибер кој важи за голем познавач на состојбите на Балканот.

Според него, очекувано е од Русија, која се противи на интеграцијата на Македонија во ЕУ и особено во НАТО, да создава проблеми, а обвинувањата за мешање на САД и ЕУ во процесите во Македонија ги оцени за смешни.

-Таа нема стратешка определба во врска со регионот освен да настојува да го попречи напредокот и да ги блокира интеграциите на регионот во ЕУ и НАТО. Идејата зад обвинувањата на Лавров за вмешување на ЕУ и НАТО е смешна. Македонија се изјасни дека сака да им се приклучи на двете организации, а тоа е однос што бара заемни дискусии и поврзување, што секако е некаква интервенција, но во смисла дека е дел од самиот процес. Така што, да се обвинуваат НАТО и ЕУ за тоа што го прават за своите идни земји членки е чудно. Но, се разбира, Русија ги обвинува останатите за тоа што таа самата им го прави на други земји, вели Бибер.

Следи целосното интервју на Бибер за МИА.

Во тек е процес на донесување на уставните измени согласно обврските од Договорот од Преспа. Очекувате ли процесот да се заокружи во предвидениот ден до средина на јануари следната година?

– Се чини дека дека условите досега покажуваат оти рокот ќе биде постигнат. Јас сум оптимист, како човек кој однадвор ги следи состојбите, а не на дневна база. Но, од она што го гледам, се чини дека процесот ќе биде успешен – и тоа е позитивен сигнал.

Дали се можни изненадувања во Грција, бидејќи грчкиот премиер Ципрас неколкупати излезе со изјави дека Договорот ќе биде потпишан во Парламентот во Грција. Можни ли се изненадувања во Атина?

– Секогаш е тешко да се предвиди неочекуваното. Но, сите сигнали се многу позитивни. Како прво, актуелната грчка Влада е посветена на Договорот и сака да помине. Се чини дека има поддршка и од одредени опозициски партии во Парламентот. Исто така, искрено верувам дека Нова демократија, која формално е против Договорот, не би била несреќна ако Договорот помине пред да дојдат на власт следната година. Бидејќи ако Македонија ги исполни сите барања, ќе изгледа многу лошо за Грција ако таа не ги исполни своите обврски; тогаш целиот притисок ќе биде врз Грција. Затоа постои добра основа да веруваме дека сите значајни партии ќе ја одиграат својата улога и или ќе го прифатат договорот или барем нема да го бојкотираат до степен да пропадне. Со Грците не се знае, но сигналите од нивна страна се позитивни и оптимист сум дека договорот ќе добие поддршка во парламентите на обете земји во следниве неколку месеци.

Но, што ако сепак не помине во Парламентот во Атина?

– Тогаш надворешниот притисок врз Грција, од страна на земји членки на ЕУ, би бил доста силен. Мислам дека никој не е подготвен за тоа и секако ќе доведе до застој на промените во Македонија. Македонија нема да може да го исполни својот дел од Договорот ако Грција не ги исполни своите обврски. Затоа, тоа би значело притисок врз Грција и Владата, без оглед дали оваа или некоја следна влада. Прашањето е до кој степен другите земји членки на ЕУ и на НАТО се подготвени да извршат притисок врз Грција и да кажат: „Вие не ги исполнивте обврските и треба да ја пуштите Македонија да влезе во НАТО.“ Тоа е нејасно. Но, да не мислиме сега на тоа. Сите сигнали укажуваат дека тоа нема да се случи. Секако не би била добра ситуација, но попрво би очекувал да доведе до времено замрзнување на работите одошто до целосна блокада на целосната имплементација на Договорот.

Шефот на руската дипломатија Лавров во својата последна изјава ги обвини САД и ЕУ дека се мешаат во процесот на уставните измени во Македонија. Дали може да очекуваме активности од руска страна во насока на опструкција на ЕУ и НАТО интеграцијата на земјата?

– Јасно е дека Русија е против ЕУ и НАТО интеграција на Македонија, како и против интеграцијата на други земји, особено во НАТО. Видовме дека Русија се обиде да го спречи интегрирањето на Црна Гора во НАТО. Затоа не би бил сигурен дека Русија нема да направи уште повеќе. Можеби ќе се обиде да се вмеша повеќе, да блокира повеќе. Станува потешко за Русија бидејќи има се помалку политички сојузници во Црна Гора, но очекувано е од Русија да создава потешкотии. Таа нема стратешка определба во врска со регионот освен да настојува да го попречи напредокот и да ги блокира интеграциите на регионот во ЕУ и НАТО. Идејата зад обвинувањата на Лавров за вмешување на ЕУ и НАТО е смешна. Македонија се изјасни дека сака да им се приклучи на двете организации, а тоа е однос што бара заемни дискусии и поврзување, што секако е некаква интервенција, но во смисла дека е дел од самиот процес. Така што, да се обвинуваат НАТО и ЕУ за тоа што го прават за своите идни земји членки е чудно. Но, се разбира, Русија ги обвинува останатите за тоа што таа самата им го прави на други земји.

Каков е вашиот коментар за азилантскиот статус на поранешниот премиер Груевски во Унгарија?

– Ова, секако, е огромен скандал и шок – што осуден злосторник, кој случајно е поранешен премиер, можел да избега со помош на унгарските власти преку Албанија, Црна Гора, Србија до Унгарија. Реакцијата од ЕУ беше шокантно тивка, наместо огромниот револт што лично би го очекувал, зашто не станува збор само за учествување во попречувањето на правдата во Македонија, туку ова праќа и многу лош сигнал за владеењето на правото во ЕУ, покажувајќи дека осудени криминалци може да најдат засолниште во земја членка на ЕУ. Во ситуацијава, Унгарија премина толку многу граници – не само во случајот на Груевски, туку и со затворањето на Централно-европскиот универзитет и контролирањето на медиумите – што се чини дека Орбан си мисли дека нема за што да се грижи. За жал, тој добива голема поддршка од Европската народна партија, која се потпира на неговиот глас во Европскиот парламент, па ова е ситуација во која, за жал, тој не ја добива критиката што ја заслужува.

Какви се оценките за состојбите во регионален контекст?

– Годинава ја почнавме со голема надеж во врска со повторното почнување на Евроинтеграциите на регионот, но на крајот на годината, Македонија, според мене, е единствената земја што направи позначаен исчекор во овој поглед, постигнувајќи го договорот за името со Грција. За жал, општата слика во регионот е сива: самоволие, бавни интеграции, ЕУ е ослабната… Македонија, на некој начин, на сите им даде позитивен пример годинава. Се надевам дека штом ќе се разрешат крупните прашања, ќе има простор да се обрне внимание и на проблемите во економијата, животната средина, социјалната заштита. Тоа ќе бидат предизвиците за земјата во следната година. Да се надеваме дека и реформите и интеграцијата ќе се забрзаат догодина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This