March 29, 2024, 11:32 am

ДОГОВОРОТ ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ ВО ГРЦИЈА, А ЌЕ СЕ ПРОСЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпишена грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, дознава дописничката на МИА од Атина.

Дел од грчките медиуми изутрината објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка страна.

Но, според информациите на МИА, Никола Димитров и Никос Коѕијас, постигнатиот договор, во присуство на премиерите на двете земји ќе го потпишат во Грција, по што заедно со гостите ќе преминат на македонска територија и ќе следи заеднички ручек.

Без да постои официјална потврда, потпишувањето најверојатно ќе биде утре.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This