ДОДЕКА ЕВРОПА СПИЕ И ГУБИ: Путин ја направи Русија центар на светската политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Европа спие и гyби земја во геополитички прашања, победник на меѓународната сцена е рускиот претседател Владимир Путин. Москва е повторно центар на светската политика, пишува дописникот на германскиот Ханделсблат, Матијас Бругман.

Рускиот претседател е геополитички победник , благодарение на неговиот избор да преземе ризици. Тој ја обезбеди моќта во земјата и се зацврсти на светската сцена во надворешната политика, рече Бругман.

Германскиот новинар потсетува на одамна заборавените зборови на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој рече дека Русија е регионална моќ, но истакна дека Путин и дозволил на земјата да го врати статусот како светска сила денес.

Поточно, рускиот претседател заедно со Иран ја консолидираа моќта на сирискиот претседател Башар ел Асад во земјата, додека во исто време НАТО не беше во можност да го нaпaдне Асад заради режимот на летање над Сирија, рече авторот.

Бругман посочува дека по повторното анексирање на Крим кон Русија и почетокот на вooружениот kонфликт во источна Украина, началникот на Кремљ станал одлучувачки фактор на моќ и во тој регион.

Претседателот на Русија ја зацементира својата позиција во светската политика по најавените структурни промени во политичкиот естаблишмент на Русија.

„Европа не оди во вojна, како во 1914 година, но удобно се ниша и се движи кон геополитичка безначајност. Европа мора да се разбуди ако не сака да дозволи натамошно зајакнување на руското влијание во светот. САД и Кина ќе ги решат трговските теми и геополитичките kонфликти на САД и Русија. Само ќе и овозможи на Европа да ги снабдува жpтвите од kpизи и вojни. Дојде време за будење “, апелира новинарот на Ханделсблат до Европејците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This