April 24, 2024, 12:46 am

Додека едниот чувал стража, другиот го пaлел ресторанот „Мечка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело „Теш ки дела против општата сигурност“. Надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетите како соизвршители на 26 ноември минатата година со пожар предизвикале значителна опас ност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна ште та на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот. Станува збор за ресторанот „Мечка“.

„Обвинетите набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот обвинет чувал стража, додека другиот со теч носта го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот“, се вели во соопштението.

Обвинителството ценеше дека се уште постојат околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This