ДОДЕКА КАЈ НАС БЕРАТ ТУТУН СО СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА: Норвешки министер поднесе оставка поради носење службен телефон на одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешкиот министер Пер Сандберг поднесе оставка бидејќи со себе го понел службениот телефон додека бил на одмор во Иран, со што нарушил безбедносен протокол.

Премиерката Ерна Солберг го прекорила 58-годишниот министер бидејќи претходно не ги известил колегите каде ќе оди на одмор, а со себе го понел и службениот телефон. Но, тоа не е единствената работа поради која е критикуван министерот. Тој со себе ја повел и девојката, 28-годишната Бахарен Летнес која е родена во Иран. Нејзиното барање за азил е одбиено трипати во Норвешка, но добила државјанство бидејќи во Иран постоело опасност да биде присилена на брак без нејзина согласност.

Солберг веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност. Норвешките безбедносни служби редовно го ставаат Иран како една од земјите која врши шпионажа, покрај Кина и Русија, пишува Guardian.

Веста ја разбрани политичката сцена во Норвешка, министерот првин се извини, но критиките не стивнаа па затоа на крајот си даде оставка.

Во Македонија пак, шоферот на прилепскиот градоначалник бере тутун и го товари во службеното возило „Шкода Суперб“. И нема проблем.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This