ДОДЕКА ШИЛЕГОВ УЖИВА НА ВИКЕНДИЦА ВО МАВРОВО: Граѓаните сами го чистат градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанското движење ,,Не биди ѓубре“, вчера одржа уште една волонтерска акција за чистење на сметот низ градот. Десетина волонтери од движењето вчера имаа акција кај Железничката Станица во Скопје, поточно пред поштата.

Уште една успешна акција на #НеБидиЃубре. Се гледаме следна недела пред Универзална! најавија од граѓанската иницијатива #НеБидиЃубре

https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10156732303194726

Се поголеми се реакциите од страна на граѓаните за нечистотијата во главниот град, тие постојано пријавуваат или споделуваат слики со купишта ѓубре на социјалните мрежи. Повеќе од очигледно е дека градските власти и Шилегов не се снаоѓаат најдобро со тековните обврски за хигената во градот, па затоа граѓаните се приморани со сопствени иницјативи и акции да придонесат и да го потсетат таткото на Скопје за вистинските потреби на граѓаните.

Ова не е прва акција и иницијатива за чистење на делови од Скопје. Пред извесен период повеќе дипломатски претставништва во земјава на чело со амбасадорот на САД го чистеа кејот на реката Вардар, а група студенти на размена од Холандија го исчистија  тревникот во Клиничкиот Центар.

Се гледаме следна недела пред Универзална!

*благодариме на чичкото кој ни донесе џиновска лопата и тетка Летка за кафето! Горко за сите! “- напиша еден од иницијаторите на овие акција, познатата глумица и граѓански активист, Ирена Ристиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This