Додик за искуството со кopoнавирусот: Знаев дека е cтpaшно кога лекapoт ми зaпaли свеќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, на прес-конференцијата рече дека се чувствува добро, но дека ова му се најтешките 25 дена.

-Немам причина да се правам јунак, беше тешко. Сега се чувствувам добро, ако не морам физички да се замарам. Ова беа најтешките 25 дена во мојот живот. Кога на третиот ден докторот ми рече дека запали свеќа за мене во црква, знаев колку е сериозно – рекол Додик.

Тој изрази голема благодарност до медицинските работници кои се грижеа за него, како и до другите пациенти кои се бореа против вирусот корона на Универзитетскиот медицински центар на Република Српска.

“Благодарност до лекарите. Исто така, сакам да му се заблагодарам на тимот доктори од Србија. Им порачувам на граѓаните да бидат внимателни, бидејќи вирусот не е воопшто наивен. Никој не знае како вирусот корона ќе реагира на организмот. Овие беа тешки денови за мене и за моето семејство. Ме чека рехабилитација”, истакна Додик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This