Додик не добил американска виза за инаугурацијата на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјавил дека американската амбасада во Босна и Херцеговина (БиХ) му го одбила барањето за дипломатска виза за да може да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари во Вашингтон, пренесува РТРС.

dacic

Додик навел дека објаснувањето за таквата одлука на американската амбасада било дека „тој таму нема да оди како претставник на БиХ“. „Тогаш зошто ми служи дипломатскиот пасош на БиХ?“, запрашал Додик и додал дека не ја исклучува можноста да се откаже од пасошот, како и дека е сѐ поизвесно дека во следната година ќе патува со својот српски пасош.

Претседателот на Република Српска нагласил дека поканата ја добил од луѓето кои биле од изборниот штаб на Трамп, а кои се дел и од тимот кој се бави со транзицијата од претходната во новата американска администрација. Тој навел дека акредитациите сега го чекаат во Вашингтон, но дека за жал нема да може да биде таму.

Додик за РТРС исто така детално го раскажал телефонскиот разговор кој минатата година го имал со американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји, кој од него барал да се откаже од политиката на својата партија СНСД (Сојуз на независни социјалдемократи) и да одговори на повиците на Обвинителството на БиХ. Според Додик, сето ова било „хајка во режија на американската амбасадорка во БиХ, Морин Кормак“.

„Целата хајка настана од моментот кога на официјалниот список се најде името Милорад Додик и секако сертификатот на кој пишува Милорад Додик и поканата за настанот“, рекол тој. РТРС пренесува дека Ји во телефонскиот разговор го обвинил Додик за застојот на БиХ на патот кон ЕУ и побарал СНСД да се откаже од декларацијата во врска со процесите во 2018-та година.

„Јас реков дека за тоа што БиХ е во криза највеќе е виновна старата американска администрација и побарав сами да ја напуштат БиХ и повеќе да не се мешаат. Реков и дека СНСД нема да се откаже од својата политика. Ден откако го имав тој разговор мене ми беше одбиена американската виза со објаснување дека таму нема да одам како претставник на БиХ“, рекол Додик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This