ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА 61-ГОДИШНА ЖЕНА: Го искасапила мажот со моторна пила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд во Бризбејн, Австралија ја осуди на доживотна казна затвор 61 годишната Линди Ивон Вилијамс, која во 2013 година со моторна пила го исекла партнерот Џорџ Гербик. Неговите остатоци потоа ги запалила, а јагленисаното торзо подоцна било најдено покрај пат.

За да ги прикрие трагите, Вилијамс на семејството на жртвата им пратила писмо од неговата адреса во кое ги известува дека спонтано решиле да отпатуваат на одмор и дека нема да се вратат пет месеци.

Во пораката која таа во име на Џорџ ја пратила на неговиот син од претходната врска напишала.

-Линди и јас решиве да отпатуваме на одмор и нема да се вратиме до февруари 2014 година. Ќе бидеме во врска преку мејл и скајп. Тие наводно тргнале од Квинсленд во Азија и Европа, а Вилијамс во еден мејл напишала: Одлично си поминуваме.

Таа се вратила 10 месеци подоцна, кога полицијата веќе ги довела најдените остатоци во врска со Гербик. Вилијамс тврдела дека Џорџ останал во странство и дека сама се вратила дома, но била уапсена кога телото било идентификувано. Тогаш признала дека го исекла со моторна пила, но се правдала дека Гербик нејзе ја нападнал со нож. Меѓутоа, полицијата ги разоткрила нејзините лаги, па таа била осудена на доживотна робија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This