ДОЗНАВАМЕ: Заев ја „прекрстил“ Македонија на самитот во Подгорица, на неофицијална средба со Мајкл Пенс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позади кулисите на Самитот на лидерите на Јадранската повелба во Подгорица, Зоран Заев со американската делегација договорил ново име за Македонија со цел што побрз влез во НАТО. Заев од Американците побарал и поддршка за спроведување референдум за промена на името бидејќи се плаши од немири.

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера, како што и претходно информиравме, на Самитот во Подгорица позади затворени врати со потпретседателот на САД Мајкл Пенс му презентирал план за промена на името Македонија. Оваа информација која ја објави „Инфомакс“, денес беше потврдена и од Спутник од извори блиски до Македонската делегација.

Заев пред Пенс изнел неколку предлози за ново име на Македонија, па Република Македонија во иднина би можела да се вика „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, или „Република Македонија (Скопје)“

Како што се дознава, Пенс го известил Заев дека Грците, кои досега Македонија поради тоа име ја блокираа на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО, се согласни на понудените предлози. Заев, додава изворот, од Пенс побарал помош за реализација на тој план бидејќи граѓаните на Македонија се децидно против промена на името на државата, иако во меѓународниот систем Република Македонија е призната под името Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ).

Александар Митовски од Центарот за истражување и анализа од Скопје за Спутник вели дека оваа вест се прочула и во Македонија, но не беше во можност да ја потврди, ниту да ја демантира.

„Не би се изненадил ако ова е вистина бидејќи оваа информација се вклопува во програмот за реформи кој Заев го најави, а кој веќе се спроведува. Реформите наречени ‘3-6-9’ се прв чекор кон сериозно пробивање на Македонија кон полноправно членство во евроатлантските интеграции. Првиот дел на таа реформа во траење од три месеци се однесува токму на промена на името Македонија, за што Заев веќе зборуваш со лидерите од регионот, од Еди Рама, па до Денис Звиздиќ, барајќи поддршка. Дека работите се движат во тој правец зборува и неодамнешното потпшување на договорот за нормализација на односите со Бугарија, која досега ја блокираше Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, вели нашиот соговорник.

Тој потсетува дека за промена на името на државата е потребна и промена на Уставот, што подразбира и двотретниска поддршка во Собранието. Заев, потсетува Митовски, најави дека прашањето за промена на името ќе гостави на референдум, на што во Македонија не се гледа благонаклоно, „бидејќи имаме лоши искуства со таков начин на искажување на ‘демократија’„.

Заев во Подгорица отворено рекол дека од Америка очекува помош во решавање на сите проблеми како Македонија би се нашла во ЕУ и НАТО што поскоро.

Македонскиот премиер на оваат тема неодамна во Трст разговараше со премиерот на Албанија Еди Рама, кој предложи Македонија во иднина да се нарекува „Горна Македонија, бидејќи како што наведува Албанците од Албанија, повеќето од нив, кога велат Македонија велат „горна“.

Македонија веќе десет години не може да влезе ниту во НАТО ниту во ЕУ бидејќи Атина бара пормена на името Македонија, сметајќи дека таа одредница и припаѓа на Грција.

Притисокот на Македонија да го промени името е толку силен, што се одразува на исте сфери од животот, па и на спротот. Така, вчера женската кадетска ракометна репорезентација на Грција е исфрлена од Европското првенство во Скопје по што грчките репрезентативки го напуштија теренот во 32 секунда од наптреварот против Македонија, незадоволно што на тренерките на нашите репрезентативки наместо БЈРМ пишувало – Македонија.

Бранкица Ристиќ
Спутник

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This