ДОЗНAJТЕ: Како се губи правото на регрес за годишен одмор (К-15)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите кои ќе прокнижат лош финансиски резултат во тековната година имаат право да исплатат К-15 во износ понизок од законски утврдениот минимум. Некои компании може да исплатат дури и 1 денар на оваа основа.

Исплата на K-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци.

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Висината на К-15 се пресметува според движењето на нето и бруто основицата. За нејзино неисполнување предвидени се парични и затворски казни за работодавачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This