ДОКАЖАНО: Најдобриот и наједноставниот начин да ослабете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку сакаме да ослабеме мораме да се држиме до одредени правила, но студијата која ја спровела институцијата American Academy of Pediatrics докажала дека едно златно правило гарантира успешно слабеење.

Dieta-slabeenje-Free-photo-750x500

Рецептот е многу едноставен: престанете да зборувате за тоа колку килограми имате и колку морате да ослабете и навистина ќе ослабете. Имено, научниците заклучиле дека водењето разговори за килограми и диети е најбрзиот начин да ја саботираме сликата за сопственото тело и односот кон храната.

Експертите истакнуваат дека ваквиот пристап кон слабеењето е поврзан со нашето растење и со она што сме го слушале за храната и килограмите од нашите родители.

„Ако родителите биле премногу оптоварени со сопствената тежина или го предупредувале детето да внимава на бројот на вагата, кај децата постои поголема шанса дека ќе ги усвојат нездравите начини на слабеење. Навиките кои сме ги стекнале во детството не исчезнуваат туку така кога ќе пораснеме“, пишува во истражувањето.

Но, ако баш не можете да избегнете разговор за слабеење, подобро е во разговорот да се фокусирате на здравите навики, како што е правилната исхрана, без спомнување на тежината. Значи, кога сакаме да ослабеме, првенствено треба да се фокусираме на тоа да се чувствуваме подобро, подобро да се храниме и да вежбаме, отколку да постигнеме одреден број на килограми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This