Доколку вакво нешто се случеше во европска држава досега ќе имаше и оcтавkи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Филибастер“ на Лидер ФМ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова која кажа дека повеќе од јасно е со случајот со бегството на Мијалков дека институциите не функционираат и дека на граѓаните тоа им е повеќе од јасно.

Панова појасни дека ова не е прво бегство и прв случај каде луѓе кои треба да бидат осудени бегаат од земјата и дека одговорноста е кај власта. Дополнително Панова кажа дека доколку вакво нешто се случело во европска држава тогаш уште утрото одговорноста ќе биде лоцирана и одговорниот ќе си имал дадено неотповиклива оставка.

-Ова не е прв случај за вакво бегство значи избегаа повеќе лица кои што беа обвинети од страна на некогашното СЈО денешното обвинителство значи избегаа и Бошковски и Спасовски односно убиецот на Мартин Нешкоски. Ако бевме во некоја европска држава каде нормално функционираат институциите и носителите на јавни функции имаат одреден морал и етика по која што работат уште утрово ќе не известеше министерот за внатрешни работи дека си поднесува неотповиклива оставка потенцираше Панова.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека веќе четири години на чело со СДСМ институциите не функционираат и дека со секој изминат ден и со секој нов случај како случајот со бегството на Мијалков тоа е повеќе од јасно.

-Институциите во државата не функционираат а тоа граѓаните за жал добро го знаат и бидејќи ова се случува веќе 4 години доверба од страна на граѓаните повеќе во овие институции едноставно нема. Чија е одговорност за сето тоа допрва ќе видиме меѓутоа за жал научивме дека подолг временски период одговорност за вакви случувања нема апсолутно од никого заврши Панова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This