Доколку Велика Британија нема договор со ЕУ ќе биде како Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку не се постигне договор за односите меѓу Лондон и Брисел по брегзит, Велика Британија ќе биде подготвена да се повлече од своите преодни договори со ЕУ и да ги прифати условите што важат за трговските односи на Унијата со Австралија, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Според соопштение од неговиот кабинет, Џонсон во разговор со неговиот полски колега Матеуш Моравјецки рекол дека Велика Британија ќе учествува во преговорите на конструктивен начин.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, а преодниот период, за време на кој државата останува дел од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија, истекува на 31 декември, како резултат на зголемениот притисок да постигнат договор за слободна трговија до тоа време.

Позициите на Лондон и Брисел засега се оддалечени, а нов круг на засилени преговори е предвидено да почне следната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This