Доколку Заев успее да го “кyпи” ДУИ за влада, тоа ќе биде дokaз дека не вредат ни пет пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од лош политичар не можеш да очекуваш добро решение, а од човек како Зоран Заев кој во политикава како да влегол директно од пазарџиска тезга од Струмица не можеш да очекуваш никакво решение.

Всушност да, човекот и сам рече дека во политикава дошол црпат директно од нива, а нели тезгата е следствена на нивата.

Овој пазарџија како си ги истера градоначалничките мандати во Струмица, знаеме сите, пред се струмичани, а најмногу бизнисмените, оние што ги ширеле бизнисите по добро познатиот “евро за евро” начин.

Сепак, најдобриот пазар како градоначалник Заев го направи во 2008 со претседателот во заминување, Бранко Црвенковски кога за Глобал нето бруто, вака или онака се збореше дека откачиле околу 8 бона.

Солиден пазар.

Плоштадот не го спомнувам, не може да конкурира на Глобал и тука да го завршиме делот со тезгата во Струмица.
Се пресели на тезгата на Илинденска во Скопје.

Како дојде таму, знаеме и видовме сите, ама ете, си се насели на тезгата.

Таму, видовме и слушнавме како се работи.

Фондот за иновации всушност е фонд за познаници, на автопатите освен анекси друго не се направи, градоначалниците освен рушење и брусење друго не направија, всушност, нема што да се каже, а да не беше видливо за луѓето.
Градоначалниците, некој за појќе, некој за помалку, скоро сите си ги купи. Најскапо и најтешко го купи оној нашион, Митко-лимунада, ама пак затоа сега му е најдоходовен.

Пазарот за уставното име го чинеше некаде 100-тици иљади евра, некаде миЉонче, ама, на крајот од денот си ја купи северна.

Додуша, ги извади парите преку промоција на Луј Витонот кај Ката и Боки, ама пазар си е пазар, плус минус, така оди тоа.

Слушнавме како сакаше да ја купи и северната црква за 100-че, ама не успеа за малкичку.

Градоначалничките избори кажавме здраво, пазарџиски си ги сработи, ама овие последниве предвремени, аууу, топ, без конкуренција.

Видовме и слушнавме.

Што производ продаде незнам, ама последниве денови, деновите пред изборите тезгите пред штабовите насекаде им беа преполни. Што производ продаде и колку, само тој си знае.

Ама нели кажавме и пред избори, секој не можеш да го купиш и така и покрај милијардите денари или милионите евра, сепак производот ВЛАДА остана не купен.

Е сега, дојдовме до финалето.

Дојде време Заев да го направи последниот пазар, пазарот со оние за кои како што тој лично вели “не вредат ни пет пари”!

Сега на крајот, после се што кажа пазарџијата Заев за ДУИ, ако Али Ахмети се согласи да бидат “купени” од овој неразбран трговец, тоа ќе биде неговиот најевтино купен производ, производ кој не вреди како што Заев вели НИ ПЕТ ПАРИ!

Ќе биде најевтин затоа што честа и образот се најдрагоцени и највредни и во реалноста колку и како да му земе Ахмети, тој и ДУИ за пазарџијата Заев, а пред се за целата јавност ќе бидат политичка роба која НЕ ВРЕДИ НИ ПЕТ ПАРИ!

Од лош политичар не можеш да очекуваш добро решение, а од човек како Зоран Заев кој во политикава како да влегол…

Posted by Кире Михаилов on Tuesday, August 11, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This