March 28, 2024, 11:11 pm

Докторатот на Јетон Шаќири на 21 година бил тexничка гpeшкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири, денеска на првата официјална прес конференција соопшти дека дошло до техничка грeшка при поднесување на документите на мојата биографија, на прашањето како ќе го објасни податокот дека докторирал на 21 година.

„Можам да кажам дека во пуштање на CV-то почетнички беше техничка грeшка, но за ова може слободно да се уверите, само дека сакам да одговорам на ова прашање дека ќе видите на сајтот на МИОА точно мојата биографија, и после тоа во наредната прес конференција ќе ме прашувате пак кога сум станал доктор по економски науки“, рекол Шаќири.

Во новата биографија на Шаќири што е објавена на официјалниот сајт на министерството, нема нови перформанси во однос на неговите компјутерски способности.

Јетон Шаќири е предлог на ДУИ за министер за информатичко општество. Тој по потекло е од Струга. Освен што бил професор на меѓународниот универзитет во Струга, бил и директор на тамошниот водовод и канализација, некогашна „Проаква“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This